Вовед

Важно стратешко место во целиот регион на "Пијанец". Помеѓу народот од дамнина познато како последниот одбрамбен бедем од нападите на сите оние кои се обидувале да го поробат овдешниот народ. Безуспешно!

Селото Град (Градиште) е место во кое за многумина се наоѓа балканското Ел дорадо... Во кое многу трагачи по злато го побарале својот златен ковчег од претпоставената леарница на злато на Александар Македонски.

Неостварен сон на многумина сонувачи, авантиристи... Тоа е селото Град...

loading...

Општи податоци за село Град

Град, е село во Пијанец, општина Делчево. Се наоѓа на неколку километри од магистралниот пат Делчево-Берово. Местото на кое се наоѓа селото изобилува со вода, плодна земја и пасишта, кои се и прчина да ова место биде населено уште пред 5.500 години. Во него се вкрстувале главни и споредни патишта. Преку селото поминувал стариот пат, кој од рудоносните ридови на Саса и Калатакај Каменица, водел преку Луковица, Драмче, Црквенец, Ѕвегор, Град и онатаму преку Малешевијата за Солун. Патот поминувал по десната страна на реката Брегалница. Преку Град, кај планината Обел, поминувал пат кој водел за долината на Струма, а од таму за Константинопол.

Од податоците кои ни се на располагање од времето на владеење на царот Милутин , цар Душан и од еден Турски попис од 1570 година дознаваме дека станува збор за голема и организирана населба.

До сега во Град не е лоцирана ранохристијанска црква, иако преданието збоува дека во селото имало повеќе цркви. Во средниот век имало развиен црковен живот. За тоа сведочат бронзените крстови кои се најдени во Градиштето при ископувањата во 2001 година. Таму се најдени три бронзени крста, од кои кои едниот е датиран 10-12 век, вториот само од средниот век, а третиот од 18 век. Од податоците кои ни се на располагање од времето на владеење на царот Милутин , цар Душан и од еден Турски попис од 1570 година дознаваме дека станува збор за голема и организирана населба.

Како султанска држава со Хатихумајунот од 1856 година, со кој првпат е прокламирана слобода на вероисповед и рамноправност на сите турски поданици, христијаните од Град, најверојатно предводени од свештениците и занаетчиите, поднеле барање да им одобри изградба и доградба на црквата `Свети Георги` во селото. Ферманот со кој султанот го одобрил барањето на христијаните од Град, беше најден во црквата во селото, а сега се чува во архивот на Македонија. Ферманот го издал султанот Абдул Меџит, кој владеел од 1839 до 1861 година.

Од преродбенскиот период на македонскиот народ, од ова подрачје улогата на преродбеници на месното население ја земале свештениците и црквата.

Денес Град заедно со целиот македонски народ ги дели убавините и маките на Македонија. Сега во него живеат околу 180 фамилии православни македонци и три фамилии од турска националност кои незнаат ниту еден збор турски и не ги познаваат турските обичаи па се претпоставува дека се македонци кои морале да ја прифатат муслиманската вероисповест за време на турското ропство.  Од податоците кои ни се на располагање од времето на владеење на царот Милутин , цар Душан и од еден Турски попис од 1570 година дознаваме дека станува збор за голема и организирана населба.

Во продолжение информирајте се за постојните локалитети и знаменитости кои се кријат во пазувите на село Град.

Локалитет Бр.1: Римска тврдина ГРАДИШТЕ во с.Град 

loading...

Локалитет Бр.1:

Римска тврдина “Градиште” с.Град 

Во селото Град постои археолошко наоѓалиште, кое се нарекува `Градиште`. Со археолошките истражувања во 2001 година, археолозите пронашле фигура од метал на женско божество-мајка со жртвеник, која е датирана од пред 5.500 години. Откопана е енолитска куќа, во состојба каква и што била од пред 5.500 години. Во неа имало огниште со четири керамички садови. На тоа подрачје се откриени и бронзенодобски населби. Сите тие наоди зборуваат дека на тоа место имало живот уште многу одамна.

Со поранешите истражувања, во атарот на селото е откриена голема тава со грчки монети од градот Хистие (Еубеа) од 4-ти и 3-ти век пред Христос. Тоа иницира дека таму постоела населба и за време на Хелинистичкиот пориод, која продолжува да егзистира и за римско време.
До сега во Град не е лоцирана ранохристијанска црква, иако преданието збоува дека во селото имало повеќе цркви. Во средниот век имало развиен црковен живот. За тоа сведочат бронзените крстови кои се најдени во Градиштето при ископувањата во 2001 година. Таму се најдени три бронзени крста, од кои кои едниот е датиран 10-12 век, вториот само од средниот век, а третиот од 18 век. Од податоците кои ни се на располагање од времето на владеење на царот Милутин , цар Душан и од еден Турски попис од 1570 година дознаваме дека станува збор за голема и организирана населба.

ИНФРАСТРУКТУРА:

  • ПРИСТАПЕН ПАТ

-Асфалтен пат во должина од 2.6 км од регионалниот пат Делчево-Пехчево-Берово до училишната зграда во центарот на селото

-Црн колски пат за теренско возило во должина од 1.683 км од асфалтниот пат на влез во с.Град до назначен паркинг во непосредна близина на тврдината

-Пешачка патека во должина од 320 метри со минимален наклон по срт на ридски венец се до самата тврдина

  • ВОДА

Во селото Град под самата тврдина на различни локации има 4 селски (јавни) чешми со квалитетна вода за пиење.

Локалитет Бр.2: Пештера КОЊСКА ДУПКА во с.Град 

Локалитет Бр.2:

Пештера “Коњска дупка” с.Град 

Со постоењето на оваа пештера се поврзани голем број на легенди и преданија како и народни верувања.  Влезот на самата пештера е со голем елиптичен отвор со димензии 1,6/3.5 метри по што доаѓа поголем отвор-одаја за која се верува дека во минатото била монашка просторија во која претстојувале монаси. На самиот ѕид од одајата има траги на влага и натечен бакар. На еден од ѕидовите евидентен е  лик на светец, во стоечка положба, како и православен христијански крст, вгравирани во карпата. Од оваа влезна одаја со два помали тунелски отвори, еден кон десно и еден кон лево човек може да се движи подлабоко во пештерата. Десниот тунелски отвор е со висина од околу 60-80 cm и движењето низ него на човек е можно со ползење.

Левиот тунелски отвор е со дијаметар од околу 80-тина cm и истиот е вертикален нагоре во пештерата, а движењето низ него е можно со специјална алпинистичка опрема. Не се знае за должината т.е. длабочината на двата отвори.

ИНФРАСТРУКТУРА:

  • ПРИСТАПЕН ПАТ

-Асфалтен пат во должина од 2.940 км од регионалниот пат Делчево-Пехчево-Берово до селската продавница во центар на селото

-Црн колски пат за теренско возило во должина од 455 метри од асфалтниот пат на влез во с.Град до назначен паркинг во непосредна близина на тврдината,

-Пешачка патека во должина од 80 метри со голем подолжен наклон во алпинистички услови се до самата пештера. Искачувањето по оваа патека е опасно.

Локалитет Бр.3: КАРПЕСТА УМЕТНОСТ во с.Град 

Локалитет Бр.3:

“Карпеста уметност” с.Град 

На околу 770 метри надморска висина на една од падините на планината над селото кон северната страна се наоѓа простран локалитет на постоење на стотици гравирани карпести гравири од типот на куполи или вдлабнатини. Формите датираат од пред 25000-30000 години пред нашата ера како изолирани структури, а подоцна се среќаваат групирани во форма на идолиформи, аркуформи, ретикули и сл. Рељефните форми во карпите се гравирани со помош на силексот-природен камен материјал, што дополнително ја потврдува тезата за нивната старост. Ориентацијата, големината, распоредот и изгледот укажуваат дека формите се поврзани со култот на сонцето, месечината и ѕвездите. На една од карпите ориентирана кон целодневното движење на сонцето над селото се наоѓа вгравиран симбол на сонцето. На друга од карпите има вгравирано пехар. Целиот локалитет се наоѓа  на сончевата страна почетокот на природен планински бедем над селото од каде посетителот има преглед на целата селска долина, наспроти возобновената тврдина на локалитетот “Градиште”.

ИНФРАСТРУКТУРА:

  • ПРИСТАПЕН ПАТ

-Асфалтен пат во должина од 2.6 км од регионалниот пат Делчево-Пехчево-Берово до училишната зграда во центарот на селото

-Црн колски пат за теренско возило во должина од 440 метри од асфалтниот пат на влез во с.Град до назначен паркинг во непосредна близина на тврдината,

-Пешачка патека во должина од 80 метри со голем подолжен наклон во алпинистички услови се до самата пештера.

Локалитет Бр.4: Селска црква Св. ЃОРЃИ во с. Град 

Локалитет Бр.4:

Селска црква “Св.Ѓорѓи” с.Град 

Црква Св.Ѓорѓи со камбанарија, трпезарија  и поголемо дворно место. Фасадата на црквата со дел од кровот е ревитализирана во 2011 година

НАСТАН:

Селски собор за време на Православниот христијански празник “Духовден-Педесетница”

Празнувањето во поблиското минато на овој празник било доста масовно, со организација голем спортски турнир на игралиштето кај училишната зграда

  • ДАТА:

Променлива дата секоја година во летниот период јуни или јули

  • АКТИВНОСТИ- ОПИС НА НАСТАНОТ:
contentmap_plugin
loading...

Наши пријатели

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна