Вовед за селото

Атарот на село Нов Истевник зафаќа површина од околу 21 км2. Конфигурацијата на теренот е ритско-планинска исполнета со висорамнини и ридест предел.

loading...

Низ атарот на село Нов Истевник поминува реката "Жечевица" која е една од еколошки најчистите природни средини во државата. Сообраќајно селото е поврзано преку регионалниот пат Р1302 со градот Делчево и соседната општина Пехчево. До сите селски маала водат асфалтирани патишта освен до Пасјачкото маало. Селото Нов Истевник се наоѓа на оддалеченост од 14 километри од центарот на Делчево. На исток селото граничи со атарите на селата Стар Истевник, Панчарево и Црник, на север со Тработивиште, на запад со Разловци, на југ со селото Умлена од соседната општина Пехчево.

Со својот богат природен биодиверзитет селото Нов Истевник се вбројува во една од најубави и најчисти рурални средини во овој дел од државата но и пошироко. Застапеноста на шумските површини со борова и дабова шума се своевидно доживување за секој добронамерниок кој сака да ужива во неоткриената и недодирната од човок природа. Малкуте преостанати семејства кои живеат во ова село главно се занимаваат со сточарство и полјоделство.

Заживувањето на овој речиси целосно див предел е можно со мудро искористување на неговите потенцијали, особено во делот на руралниот и авантуристички туризам.

Општи податоци за Нов Истевник

Селото Нов Истевник се состои од 3 маала:

"Балабанско маало" (Балабанци),  "Курачко маало" (Кураците) и "Пасјачко маало" (Пасјако)

Во атарот на селото се наоѓаат повеќе знаменитости кои вредат да бидат посетени од страна на било кој добронамерник, љубител на природата и руралните убавини.

Повеќе информации за селото Нов Истевник Очекувајте наскоро.

Локации и знаменитости за посета: Црква Свети Атанасиј Михаил

 

Локација Бр. 1

Повеќе инфо за црквата наскоро....

loading...

Локации и знаменитости за посета: Стара селска архитектура

 

Главно старите градби во селото се градени од дрво, камен, печена глина и кал...

contentmap_plugin
loading...

Наши пријатели

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна