ИЗБЕРИ НАСТАН ЗА ПОСЕТА ОД БОГАТАТА КУЛТУРНА РИЗНИЦА НА НАСТАНИ ВО ДЕЛЧЕВО

Термин:Настанот се организира во почетокот на месец јуни

Локација: Село Разловци, црква “Св. Цар Константин и Царица Елена”.

Организатор: МПЦ, Архиерејско намесништво од Делчево, Месна заедница на село Разловци

Во почетокот на месец јуни секоја година од памтивек селото Разловци го прославува својот патрон празник што е празник на црквата “Св. Цар Константин и Царица Елена”. Од рано утро ѕвонарот на црковната камбанарија со биење на двете камбани го најавува празнувањето на овој празник. Сите домаќинства во селото од рани мугри на самиот празник се подготвуваат за одење во црква каде се служи свечена архиерејска литургија во сеслужение на црковни лица од делчевското архиерејско намесништво, како и други великосвештеници од Брегалничката епархија.

По завршувањето на литургијата, во црковниот двор се одвива голема народна веселба, на која се служи боката празнична трпеза, подготвена од црковниот одбор на самата црква.

Во последните години настанот го посетуваат специјално дојдени гости и туристо кои сакаат да ги откријат убавините на селото Разловци, една од најубавите цркви во овој дел од државата, старата селска архитектура, убавините на самиот предел, како и да ги слушнал легендите, преданијата како и кажувањата поврзани со животот на населението во историското и херојско Разловци.

Со секој нов ден, со секоја нова квечерина, приказните овде не стивнуваат... Не згаснуваат...

Приказните овде се претвараат во митови за непобедливоста, легенди за непокорот... Тоа се вистински приказни родени од желбата за слобода, произлезени од слободарскиот дух на драгите Разловчани.

Додека живее и последниот Разловчанец, со него ќе живее споменот за Разловечкото востание, за херојството на неговите востаници, за слободарската љубов кон родната земја и сопствениот народ. 

 

ИЗБЕРИ НАСТАН ЗА ПОСЕТА ОД БОГАТАТА КУЛТУРНА РИЗНИЦА НА НАСТАНИ ВО ДЕЛЧЕВО

loading...

Наши пријатели

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна