Термин: 31-ви декември.

Локација: Центар на Делчево, Спомен дом АСНОМ.

Организатор: Општина Делчево

Крајот на претходната и почетокот на наредната нова година, е време на радост за поминатото време со семејството, со пријателите, со соработниците... Време поминато со својот народ и во добро и во лошо. Нова година е време за сеќавање на сите наши успеси и неуспеси, на приватен план но и на работен општествен план, сумирање на сите впечатоци, и желба за поубав и посуштествен живот во годината што претстои пред нас.

Среќна нова година на сите Делчевци каде и да се!

Овој настан за првпат се организираше ма 31.12.2009 година во очи пречекот на новата 2010 година, по иницијатива на тогашниот градоначалник на Општина Делчево г-динот Горан Малешевски.

Во организацијата на настанот учествуваат вработени во општинската администрација, како и повеќе волонтери од граѓанските организации од Делчево.

Огромна подршка настанот има од најголем број од приватните компании од Делчево кои секоја во рамки на своите можности донира новогодишни пакетчиња за дечињата од двете основни училишта до четврто одделение и сите дечиња од детската градинка "Весели цветови" од Делчево.

Новогодишните пакетчиња им ги подарува Дедо Мраз на денска прослава за најмладите во центарот на Делчево.

Ова е еден прекрасен настан исполнет со детски џагор и смеа, за кој потоа дечињата цела година се сеќаваат се додека не дојде следната нова година. А потоа повторно се од почеток.

 

contentmap_plugin

ИЗБЕРИ НАСТАН ЗА ПОСЕТА ОД БОГАТАТА КУЛТУРНА РИЗНИЦА НА НАСТАНИ ВО ДЕЛЧЕВО

loading...

Наши пријатели

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна