Сума:

Вовед

Како сенки од најдамнешни времиња, кои покроце итаат да се сретнат со минатото...

Чекор по чекор стари и млади, мажи и жени го газат земјениот пат кон трошната црква која молчешкум стои на забод на времето. Покрај селските гробишта во прегратките на пространите драмечки ридови.

Овој пат е патот на незаборавот. По него оделе, одат и ќе продолжат да одат челадта на гордиот пијанечки незнаен горостас кој прв се воплотил во телото Господово токму на ова место.

Секој гроб со своја приказна. А легендата за Драмче најубаво се учи на гумното пред погребната капелна црква посветена на заштитникот на ова парче небо Св. Архангел Михаил. 

Оваа легенда се состои од живи зборови и кажувања, од срце кое непрекинато чука во ритамот на вечната "Копачка" родена токму од овие прегратки и подадени раце на заедништво на овој горд и достоинствен народ.

Ова е легенда која не се раскажува како ниедна друга...

Таа се живее во самиот момент... 


loading...

Општо за настанот

Термин: 21-ви Ноември (традиционално секоја година)

Локација: Село Драмче, црква “Св.Архангел Михаил”.

Организатор: Црковен одбор при црквата “Св.Архангел Михаил” од село Драмче

За денот на верскиот празник „Собор на Св. Архангел Михаил“ уште од претходната година се знае кои луѓе и колку на број ќе даваат курбан. Посетителите на курбанот како и кумовите кои даваат курбан, донесуваат погача, баница, туршија, сирење, салати од зелка и компир и домашна сливова или џанкова ракија, како и свој прибор за главното јадење. Секој го поставува својот рачно исткаен пешкир со донесените продукти и прави така наречен колак. Тие се редат еден до друг во трпеза, но на земјата. На местото на настанот, 7-те кумови го подготвуваат главното јадење- курбан кое е во зависност дали празникот е во посен или мрсен ден. Кога се мрси секој кум си коле по едно јагне, од кое во бакарни казани се готви манастирска манџа. Таа покрај јагнешкото месо се состои и од зеленчуци: пипер; патлиџан син и модар; моркови; кромид; ориз, сол, запршка и на крајот се додава магданос. Додека кога се пости за курбан се спрема грав (боб) по стандарден рецепт и риба, со посни салати. Ченовите на ФГ „Копачка“ од с. Драмче, Делчево е редовен посетител на овој православен курбан.

loading...

Бидејки истата е формирана од играорци од оваа село, нејзините членови се заложуваат за зачувување на автентичниот начин на носење на курбан за овој ден со сите белези како некогаш. Така тие овде доаѓаат во народна носија, која ја препорачуваат и на другите посетители кој што располага со такви елементи да ги користи за доловување на некогашниот етно амбиент на вакви прослави. Кога доаѓаат посетителите, влегуваат во црквата „Св. Архангел Михаил“ ја следат богослужбата и си палат свеќи за здравје. Се реди трпезата и се готви ручекот. Кога се соберат доволно посетители, може да започне и веселењето: пеењето, играњето и музицирањето на изворни инструменти. Во овој дел водечко место зазема на далеку познатата ФГ „Копачка“ од с. Драмче. Тие овде го даваат својот годишен концерт. Откако е готов ручекот – курбан, свештеникот го осветува и благословува јадењето. Пред да се дели ручекот се поминува со кошница во која секој става свој подарок во пари за да добие курбан. По делењето на курбанот, се преоѓа кон општонародна веселба.

Покана за настанот Петок, 18 Ноември 2011 година

 

Празнување на големиот христијански празник Св.Архангел Михаил во с.Драмче

Во понеделник на 21-ви ноември во дворот на црквата Св.Архангел Михаил во село Драмче ке се празнува денот на св.Архангел Михаил како еден од поголемите христијански празници, во православниот календар. Се очекува присуство на над 1000 луѓе , при што ке биде организирана богата културно уметничка програма од страна на ФГ Копачка која потекнува од ова село, и ке се послужи курбан на присутните. Програмата е предвидено да започне во 12.00 часот на пладне.Настанот е организиран од страна на црковниот одбор при оваа црква.

Покана за настанот Четврток, 14 Ноември 2013 година

Најава за традиционалниот собор по повод Св.Архангел Михаил во Драмче

Во четврток 21.11.2013 година на празникот Св.Архангел Михаил  ке се одржи традиционалниот голем народен собир кај црквата посветена на овој светец во с.Драмче. 

Од памтивек жителите на ова пијанечко село, како и многу други посетители и гости се собираат на ова култно место за да се помолат на светиот Архангел Михаил и Господ Бог, во спомен на нивните претци, како и за нивно лично здравје и за здравје на нивните најближни. Импозантноста на настанот се состои од огромната бројка на присутни, како и културниот настан кој се приредува од страна на членовите на Фолклорната група "Копачка" кои што потекнуваат од ова село. Овогодинешниот настан исто така е значаен поради фактот што оваа година ФГ Копачка од с.Драмче прославува јубилеј од 65 годишно постоење на замата фолклорна група која од самиот почеток на нејзино постоење била автентичен пример за изворниот фолклор од ова место, но и достоен и доследен амбасадор на македонската култура, како на национално ниво, така и во меѓународни рамки.

Богатиот 65 годишен јубилеј се прославува во пресрет на прогласувањето на Соборското оро Копачка од село Драмче, Општина Делчево, Р.Македонија, како нематеријално културно наследство на човештвото под закрила на УНЕСКО, што се очекува да биде направено во блиска иднина.

На самата традиционална манифестација која е од меѓународен карактер ке настапат повеќе ансамбли, фолклорни групи и друштва што на свој начин ке придонесат кон збогатување на и така спектакуларната атмосфера.

Самиот собор е во организација на жителите на с.Драмче и црковниот одбор при оваа црква и претставува доживување само за себе, за кое што присутните раскажуваат цела година до доаѓањето на следниот собор, кој ја подобрува сликата од претходниот.

Културно-уметничката програма е во организација на ЗФГ "Копачка" од село Драмче, во соработка со Градоначалникот на Општина Делчево Дарко Шехтански, кој во рамки на сопствените програмски определби за негување и развој на живото културно наследство, обезбедува соодветна подршка на целиот настан.

Општина Делчево ги поканува сите граѓани од Пијанец и ширум државата, како и сите заинтересирани посетители од странство да присуствуваат на овој скромен но истовремено и грандиозен селски собор кој се издвојува со својата убавина како бисер на традиционалните селски собори од овој дел од Балканот.

Во продолжение ја објавуваме програмата за самиот настан

contentmap_plugin

ИЗБЕРИ НАСТАН ЗА ПОСЕТА ОД БОГАТАТА КУЛТУРНА РИЗНИЦА НА НАСТАНИ ВО ДЕЛЧЕВО

loading...
loading...

Наши пријатели

 


 

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна