ИЗБЕРИ НАСТАН ЗА ПОСЕТА ОД БОГАТАТА КУЛТУРНА РИЗНИЦА НА НАСТАНИ ВО ДЕЛЧЕВО

Култот на Светиот Никола Чудотворец помеѓу народот во Делчево и делчевско е еден од најраспространетите и најпочитуваните. Од памтивек во Делчево се негува верувањето во "Православниот Дедо Мраз" што е своевиден пандан на светски распространетиот и крајно искомерцијализиран лик на Дедо Мраз од Северниот пол.

Но според верувањето на локалното население кое се подудара во целост со целокупниот православен свет, Дедо Мраз навистина постоел во ликот и делото на Св. Никола Чудотворец.

Приказната за Св. Никола од Ликеја кој бил син единец на мајка си и татка си кои биле богати луѓе што уште од мал го учеле својот син на величествената големина на Божјиот збор и правењето добрина за народот и ден денес може да се сретне помеѓу повозрасните жители на Делчево особено во руралните места.

Знаењето на духовноста на Божјата промисла младиот Никола ја стекнал од својот чичко Николај кој бил Епископ во градот каде живееле со семејството.

crkva sv nikola virche 12

Фото 11.06.2008 година

ФРЕСКИ НА СВ. НИКОЛА ЧУДОТВОРЕЦ И БОЖЈАТА МАЈКА ОД ЦРКВАТА "СВ. НИКОЛА" ВО СЕЛО ВИРЧЕ

По смртта на неговите родители, во духот на Божјото милосрдие Св. Никола го разделил целиот свој имот и се што поседувал на своите сожители. За своето милосрдие тој не бараше никакви признанија туку напротив ги криеше ваквите свои дела. Но легендата беше родена помеѓу неговиот народ и беше подготвена да го преплави сиот свет. Надалеку се слушнал зборот за милосрдието на Св. Никола кому божествените својства не му беа туѓи уште во текот на неговиот живот. Верниците во неговата Божественост се молеле за негова помош а тој им доаѓал дури и на сон и им помагал, покрај помошта која им ја дарувал во личните конткти. Неговиот лик бил толку светол што наликувал на ликот на самиот Мојсеј, а народот само со гледање на неговиот лик веќе биле обземано со мир, благосостојба на духот и добра волја. Св. Никола исто така бил голем поборник за правдата. 

По кратко боледување се упокоил во Бога во 343 година од н.е.

Во Делчево и Делчевско голем број на делчевчани го носат името на Св. Никола кои секоја година го празнуваат овој ден посветен на големиот светител како свој именден. Постојат семејства како и секаде во православието кои го празнуваат овој светец како свој заштитник и чествуваат во вид на свој семеен празник и слава.

crkva sv nikola virche 24

Фото 11.06.2008 година

ДЕЛ ОД ИКОНОСТАСОТ ВО ЦРКВАТА "СВ. НИКОЛА" ВО СЕЛО ВИРЧЕ 

Помеѓу жителите на село Нов Истевник до почетокот на 90-тите години од минатиот век овој празник се празнувал како соборен ден на цело село. Се уште се свежи спомените на варената пченка засладена со шеќер која што беше на некој начин главен десерт за гостите кои доаѓаа на посета на своите ближни за време на овој соборен ден во селото.

Во Делчевско има две православни цркви кои го носат името на Св. Никола. Тоа е црквата во село Вирче и црквата во село Стар Истевник.

crkva sv nikola virche 00

Фото 14.09.2016 година

ЦРКВАТА СВ. НИКОЛА СО КАМБАНАРИЈАТА КОИ СЕ ПОД ЗАКАНА НА ОШТЕТУВАЊЕ ДОКОЛКУ НЕ СЕ ИНТЕРВЕНИРА СО НИВНА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА ВО СЕЛО ВИРЧЕ

Црквата Св. Никола Чудотворец во село Вирче се наоѓа во централното подрачје на селото чие што дворно место е уредено и прилагодено за извршување на разни свечености и религиозни обреди на жителите од ова село. Самата црква е под закана на нејзино оштетување и е потребна нејзина санација и заштита. Истото се случува и со камбанаријата пред црквата која што постои опасност да се обруши доколку не се интервенира.

Црквата Св. Никола во село Стар Истевник е реконструирана пред околу една деценија заедно со дел од оградата и влезната порта, така што овој верски храм ќе сведочи за богатиот духовен живот на овие простори уште долго време за идните генерации.

crkva sv nikola star istevnik 22

Фото 11.06.2008 година

ДЕЛ ОД ИКОНОСТАСОТ ВО ЦРКВАТА СВ. НИКОЛА ВО СЕЛО СТАР ИСТЕВНИК, ДЕЛЧЕВСКО

crkva sv nikola star istevnik 24

Фото 01.04.2010 година

ЦРКВАТА СВ. НИКОЛА ВО СЕЛО СТАР ИСТЕВНИК ЗАЕДНО СО ТРЕМОТ ПРЕД ВЛЕЗОТ НА САМАТА ЦРКВА

crkva sv nikola star istevnik 21Фото 01.04.2010 година

РАНОХРИСТИЈАНСКИ НАДГРОБЕН КРСТ ВО ДВОРОТ НА ЦРКВАТА СВ. НИКОЛА ВО СЕЛО СТАР ИСТЕВНИК

crkva sv nikola star istevnik 18

Фото 01.04.2010 година

ВЛЕЗНАТА ПОРТА ВО ДВОРОТ НА ЦРКВАТА СВ. НИКОЛА ВО СЕЛО СТАР ИСТЕВНИК 

#ШтоДаСеВиди  #ДоживејГоДелчево
#WhatsToSee #ExperienceDelcevo
@ Destination Delcevo @ Delcevo Global Online

ИЗБЕРИ НАСТАН ЗА ПОСЕТА ОД БОГАТАТА КУЛТУРНА РИЗНИЦА НА НАСТАНИ ВО ДЕЛЧЕВО

loading...

Наши пријатели

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна