Вовед

Термин: Прва половина на септември

Локација: Центар на Делчево, летна сцена, повеќе приватни насади на слива во Делчево.

Организатор: Општина Делчево

Кон средината на месец септември секоја година Општина Делчево ја организира манифестацијата “Пијанечки денови на сливата”. Централниот настан на манифестацијата се одржува во градскиот парк во центарот на Делчево пред Спомен домот АСНОМ започнувајќи од рано утро.

pijanechki denovi na slivata 2013 00

Настанот е конципиран како промотивен за повеќе видови на производи од слива која во голем дел се произведува на ова поднебје на регионот на Пијанец и Делчево. Големиот број на површини на насади од сина слива кои доминираат во земјоделието во делчевско се една од главните карактеристики по кои се карактеризира ова подрачје од државата.

pijanechki denovi na slivata 2013 09

Голем е уделот на остварување на финансиски приходи како за приватните стопанственици кои работат со произвотство и трговија со сина слива. Слична е ситуацијата и со повеќе индивидуални производители кои имаат приходи во семејството по овој основ. Оваа практика и тренд на раст на земјоделските површини покриени со насади на слива се интензивираше во последните неколку години, со оглед на интензивното државно субвенционирање на оваа стопанска гранка.

Организацијата на манифестацијата “Пијанечки денови на сливата ” од страна на Општина Делчево е од особено значење бидејки придонесува кон зголемувањето на препознатливоста на големата лепеза на производи базирани токму на сливата како основна суровина.

pijanechki denovi na slivata 2013 06

pijanechki denovi na slivata 2013 07

pijanechki denovi na slivata 2013 08

pijanechki denovi na slivata 2013 03

pijanechki denovi na slivata 2013 02

pijanechki denovi na slivata 2013 01

pijanechki denovi na slivata 2013 00

Во рамки на манифестацијата секоја година на платото пред летната сцена во паркот во Делчево се препекува слива од поднебјето на регионот на Пијанец, се подготвуваат мармалад, различни џемови, компот, се промовираат и дегустираат различни традиционални и современи специјалитети од домашни пецива и слатки итн. И сето тоа е придружено со убава традиционална музика, пропратено со традиционални обичаи и кажувања, со дефиле на традиционални носии и многу други изненадувања.

На манифестацијата уште од самиот почеток присуствуваат поголем број на странски туристи кои во овој период се во посета на регионот на источна Македонија.

Оваа манифестација за првпат се организираше во 2013 година од страна на Општина Делчево, по иницијатива на Градоначалникот Дарко Шехтански, во соработка со повеќе здруженија и приватни стопанственици.

Тенденција на манифестацијата е истата да прерасне во регионална, во наредниот период.

pijanechki denovi na slivata 2017 00

pijanechki denovi na slivata 2017 01

pijanechki denovi na slivata 2017 02

pijanechki denovi na slivata 2017 03

pijanechki denovi na slivata 2017 04

pijanechki denovi na slivata 2017 05

pijanechki denovi na slivata 2017 06

pijanechki denovi na slivata 2017 07

pijanechki denovi na slivata 2017 08pijanechki denovi na slivata 2017 09

pijanechki denovi na slivata 2017 10

pijanechki denovi na slivata 2017 11

pijanechki denovi na slivata 2017 12

Преглед на прилози за манифестацијата на други медиуми

http://www.telegraf.mk/main-magazin/hrana/ns-newsarticle-marmaladi-i-demovi-pod-vedro-nebo-hrana-i-muzika-od-utro-do-vecer-na-pijaneckite-denovi-na-slivata.nspx

http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/1093505/index.html

http://b2.mk/news/pijanechki-denovi-na-slivata?newsid=A6c2

http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=17645

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=94CDDAE499AB37429BCAF8944ACF13B4

http://a1on.mk/wordpress/archives/648941

http://vecer.mk/makedonija/pijanechki-denovi-na-slivata

http://kanalplus.mk/%D1%81%D0%B5-%D0%BE%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%84%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BF%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D1%87%D0%BA%D0%B8-%D0%B4/

 

 

ИЗБЕРИ НАСТАН ЗА ПОСЕТА ОД БОГАТАТА КУЛТУРНА РИЗНИЦА НА НАСТАНИ ВО ДЕЛЧЕВО

loading...

Наши пријатели

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна