Сума:
loading...

Општо за настанот

Термин: Прв петок после Велигден

Локација: Манастирски комплекс “Св.Богородица-Балаклија”-Делчево

Организатор: МПЦ, Архиерејско намесништво од Делчево

Еден од најстарите народни собири во овој дел на Балканскиот полустров кој се реализира од памтивек. Не е познато како започналe случувањата околу овој собир, но евидентно е дека станува збор за собор од верска природа поврзан со постоењето на манастирот Св. Богородица (Источен петок) Балаклија.

Статии во други медиуми за настанот

Објавено на

www.delcevo.gov.mk

Вторник, 03 Мај 2011 11:37

Во петокот, на 29.04.2011 година, ден попознат меѓу народот како Црн Петок или Источен Петок Балаклија, во двориштето на манастирскиот комплекс на манастирот „Св.Богородица-Источен петок Балаклија“, се одржа традиционалната соборска манифестација во рамките на Соборот кој секоја година на овој ден се празнува кај овој локалитет кој плени со прекрасниот предел, знаменитите објекти, како и обичаите кои се реализираат за време на ова празнување.

Присутните гости на соборот оваа година имаа ретка можност (која во иднина се планира да стане уште помасовна и знаменитa) да присуствуваат на Фестивалот на изворен "Оро се вие кај манастирот", кој за првпат оваа година се реализира во толкав обем и со толкав голем број на учесници. Учесници на фестивалот беа НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“ Делчево, ФГ „Оризари“, ФГ „Облешево“, Група Зурлаџии од Берово, КУД „Вера Јоциќ“, М. Каменица, ЗФА „Китка“ с. Истибања, КУД „Гоце Делчев“ Делчево и ЗФГ „Копачка“ с. Драмче, кои во една пријатна и спонтана атмосфера, ги редеа своите изведби на изворна музика.

Погледнете дел од атмосферата на настанот преку настапот на ФГ "Копачка" од село Драмче на сл. линк тука.

Овој прв настан од ваков вид, на ова место, предизвика воодушевување кај присутните, па така учесниците беа наградувани со бурни аплаузи, за на крајот заеднички со придружба на изворните инструменти, тапанот, зурлите и ќемането, да ги изиграат најпознатите пијанечки и останати ора од регионот и државата. Вистинска благодет на душата е, кога ќе го видите веселото оро, предводено од гостите Д-р Родна Величковска, од Институтот за фолкор и Захаринка Милосавлевиќ, селектор од Републичкиот фестивал на изворни народни инструменти и песни „Пеце Ататасовски с. Долнени.

Фестивалот во организација на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ и Комисијата за културни настани и манифестации при Општина Делчево, е дел од одбележувањето на јубилејот "100 настани за 100 година град", како и одбележувањето на јубилеите "100 години Белогаски" и "110 години Личеноски".

 

Објавено на

www.delcevo.gov.mk

Среда, 18 Април 2012 19:59

Општина Делчево во соработка со Центарот за развој на Источен плански регион, Штип на 20.04.2012 година(петок) на верскиот празник Источен Петок Балаклија, организира Промотивен ден на Источен плански регион во Делчево, со почеток во 11:00 часот.

Настанот ќе се одржи во манастирскиот комплекс „Св. Богородица Балаклија“, Делчево каде 11 општини од Источниот плански регион (Делчево, Берово, Виница, Пехчево, Македонска Каменица, Кочани, Чешиново-Облешево, Зрновци, Штип, Пробиштип и Карбинци) на штандови ќе ги претстават своите културни, социјални, економски, образовни и гастрономски карактеристики пред жителите на општина Делчево.

Во рамките на овој настан ќе се одржи и фестивалот на изворна музика „Оро се вие кај манастирот“, кој се организира во соработка со Центарот за култура „Н.Ј.Вапцаров“, Делчево и ЗФГ „Копачка“, с.Драмче, Делчево. Културниот дел од програмата се одвива во рамки на манифестацијата "100 настани за 100 години град" и одбележувањето на 100 годишнината од прогласувањето на тогашното Царево село за градска управа.

Традиционално како и секоја година Македонската православна црква, црквата Св.Богородица - Делчево, на овој ден организира собор  со богослужба, литургија и делење на ручек.

По иницијатива на Градоначалникот Горан Малешевски овој културно-верски и промотивен настан се одржува за првпат во општина Делчево на вака високо ниво, во рамки на регионалната културна и промотивна размена меѓу општините во Источниот плански регион, која што беше подготвена и организирана од страна на Центарот за подршка во Штип.

Постојаната организациска градација во изминатите три години и унапредувањето и збогатувањето на содржините поврзани со овој настан, допринесоа за уникатно негово етаблирање, кој ги содржи сите белези на автентичен препознатлив бренд на општина Делчево. Одвивајки се во прекрасен природен амбиент, култивиран со божественоста на манастирот посветен на Св.Богородица, опкружен со допирот на традиционалниот градителски раскош и убавина, ова место и овој настан едноставно не смеат да се пропуштат, а за тоа сведочи и константната посетеност на истиот од над 3000 посетители.

Истовремено оваа година традиционалниот собор по повод верскиот празник Источен Петок Балаклија кој се реализира со децении назад, кај истоимениот манастирски комплекс од страна на МПЦ-Вардарска епархија, Архиерејско намесништво од Делчево,  добива и културно-туристичка меѓународна димензија која што претставува уште едно скалило погоре за афирмацијата и унапредувањето на овој празник, општина Делчево и целиот регион. ЕЛС Делчево  целосно е вклучена со сите свои организациони, плански и логистички  капацитети во реализацијата на овој настан, кој веке добива свое заслужено место на картата на значајни културни афирмативни настани во Република Македонија.

ПРОГРАМА ЗА НАСТАНОТ

11:00-15:00

Штандовско претставување на општините од регионот

13:00-13:10

Отворање на фестивалот „Оро се вие кај манастирот“

13:10-13:30

Настап на КУД „Весели пензионери“, Пробиштип

13:30-13:50

Настап на КУД „Вера Јоциќ“, Македонска Каменица

13:50-14:10

Настап на Фолклорна група од село Логодаж, Република Бугарија

14:10-14:30

Настап на фолклорна група при центар за култура „Н.Ј.Вапцаров“, Делчево

14:30-15:00

Настап на ЗФГ „Копачка“, с.Драмче, Делчево

15:00-

Делење на ручек

 

Објавено на

www.delcevo.gov.mk

Сабота, 21 Април 2012 06:21

Во петок 21.01.2012 година манастирскиот комплекс Св. Богородица Балаклија во Делчево беше сведок на уште едно "чудо": Воскресение на традиционалниот Собор кој од памтивек се организирал во прекрасниот природен амбиент и спој на природата со духовното.

Процесот на возобновување на традиционалните собори кои секоја година се случувале во двориштето на овој прекрасен манастир кој, плени со својата убавина и значење во животот на граѓаните од Делчево, но и пошироко, оваа година кулминираше со овековечувањето на овој ден, како еден од позначајните денови на првославните верници, кои во огромен број, беа присутни во прегратките на манастирскиот ендек, кој со својата гостопримливост ги удостои сите добронамерници кои беа присутни на овој, сега веќе настан од регионално значење во Република Македонија.

Татнеа соборските тапани, ечеа традиционалните инструменти (кемене, тамбура, кавал, гајда), се благослови човечкиот дух со милозливата мелодија од гласот на пијанечкиот пеач, онака како што нашите предци ни го подарија ова културно богатство, со аманет за бесмртност, на македонскиот дух и традиција. Празник на фолклорот, мелем на духот, афирмација на божественоста, промоција на човечките вредности, спој на семјата и небото, во рамки на неколку часовното "бдеење" над темелните вредности на пијанечкиот порив за самоопределување...

Определување за живот со бога и со народот, заедно сплотени еден до друг.

Оваа година организацијата на овој настан се одвиваше под покровителство на Градоначалникот на општина Делчево, г-дин Горан Малешевски а во соработка со Архиерејското намесништво од Делчево на Македонската Првославна Црква, Националната установа Центар за култура Никола Јонков Вапцаров од Делчево, ЗРА Пијанечки глас, ЗФГ Копачка од село Драмче, Центарот за развој на Источен плански регион, 11 (единаесет) општини од Источниот плански регион, како и фолклорни групи и ансамбли од Македонска Каменица, од Логодаш од Република Бугарија и од Пробиштип.


Овогодинешниот настан "Оро се вие кај манастирот" беше реализиран во рамки на програмата "100 настани за 100 години град" која што општина Делчево ја спроведува во чест на одбележувањето на 100 годишнината од прогласувањето на тогашното Царево село за градска управа.

Дефинитивно напорите за возобновување на традицијата на некогашните Собори во Делчево, добија нови вредности и значање.Оваа пракса ке биде постојано надградувана и проширувана. Делчево е гордо на сопствените вредности и народ, кои автентично и со основен човечки пиетет чествуваа заедно, во чест на Св.Богородица Балаклија.

 

Оро се вие кај манастирот по 4-ти пат

Објавено на

www.delcevo.org.mk

09.05.2013 год. 13:16:11

Традиционалниот собор кај манастирот Св.Богородица Балаклија и оваа година ке биде центар на посета за многу соборјани. Во петок 10.05.2013 година во прекрасниот природен амбиент кај  овој прекрасен манастир ке се одржи од памтивек традиционалниот собор, кој бил центар на голем број посетители и граѓани, како од регионот на Пијанец-Малеш, така и пошироко.

Соборот ке започне во 13.00 часот со богата културно уметничка програма во организација на Националната установа Центар за култура "Никола Јонков Вапцаров". Програмскиот дел е поделен во четири одделни блокови во кои за време од час и половина нашиороко ке биде презентиран богатиот пијанечки и македонски фолклор од неколкуте фолклорни групи, инструментални состави и поединци кои работат во рамки на центарот за култура.

За сите посетители на ова древно место во 15.00 часот ке започне да се дели свечен свет ручек-курбан во организација на МПЦ и манастирскиот одбор од донаторски карактер.

Овој собор се одржува на ова свето место уште од памтивек, за што говорат усни кажувања од постарите жители од Пијанец. Од пред 4 години се покрена иницијатива од страна на директорот на НУЦК Никола Јонков Вапцаров за организирање и одржување на фолклорен изворен фестивал, кој ке биде значаен белег и центар на развој на фолклорот во Македонија воопшто. Секако потребни се уште поголеми напори од страна на локалните и националните институции и други организации, се со цел оваа иницијатива да го доживее својот цут со сиот свој сјај да биде вистински репрезент на богатото културно живо наследство кое од колено на колено со генерации се манифестира низ вековите.

 

Галерии на наши фотографии од настанот

 

ozio_gallery_nano

  КЛИК ТУКА ЗА ПРЕГЛЕД НА ОСТАНАТИ НАШИ ГАЛЕРИИ НА GOOGLE+:

За авторот на оваа статија:
The Crator
Author: The CratorWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на домен, дизајнер, програмер, развој и авторство на концепт, уредник, фотограф, автор на текстови, едитор, маркетинг промотор
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна