Сума:
loading...

Општо за настанот

Термин: Настанот се одржува секоја година во втора половина на месец февруари

Локација: Делчево-планина Голак

Организатор: Општина Делчево

Приказната за настанот

Претставници на општина Делчево, Сојузот на борците, Спортско рекреативни и планинарски друштва и клубови како и останати групи на граѓани секоја година полагаат цвеќе пред спомен-плочата на Февруарскиот поход на планината Голак, на  местото каде во далечната 1944 предводени од генерал Михаило Апостолки пристигнале група баталјони на НОВ И ПОМ, повлекувајќи се од Егејскиот дел на Македонија.

Пред присутните на настанот, преживеани учесници во Февруарскиот поход како и нивни следбеници споделуваат помалку познати факти и спомени за тој историски настан, а се одржува и пригодна културно-забавна програма.

Во одбележувањето на оваа значајна годишнина од Народно ослободителната борба на македонскиот народ против фашизамот, секоја година учествуваат и планинарите од Делчево и од неколку други места од земјава, изведувајќи традиционален планинарски марш.

Стартната точка на маршот е пред Спомен-домот на АСНОМ, а цел е планинскиот врв Чавка на надморска височина од 1.536 метри. Патеката е долга 24 километри со висинска разлика од 900 метри.

Маршот е во организација на Општина Делчево во соработка со трите планинарски друштва СРК „ПОП“, „Голачка срна“ и ПСД „Голак“ од Делчево, а имало учесници од Пехчево, Струмица, Пробиштип, Крива Паланка, Кочани, Виница, Неготино, Штип и од други планинарски друштва, ширум Македонија.

За учесниците на манифестацијата и планинарскиот марш организаторите приредуваат свеченост за доделување на признанија и благодарници придружени со заедничко дружење и забава со ручек.

Покрај спомен-обележјето (Спомен плочата) на Февруарскиот поход, присутните гости на манифестацијата можат да ги посетат и

3. Легендарната "Бун" чешма со која е поврзана легендата за два змејови.

4. Местото каде се одиграла една од позначајните битки во пред илинденскиот период во која загинал Дебарско-Кичевскиот војвода Максим Ненов

Најава за одбележување на 73 годишнината од Февруарскиот поход

 

Во недела на 19.02.2017 година во Делчево ќе се одбележи 73 годишнината од реализацијата на февруарскиот поход во 1944 година.

Овој значаен настан од македонската понова историја одиграл огромна историска улога и оставил трајно влијание во колективната меморија на нашиот народ.


Зимата 1943-1944 година, главнината на единиците на НОВ и ПОМ кои што биле стационирани на територијата на Егејска Македонија, пред налетот на германските нацистички сили кои ја почнале својата операција за повлекување од Грција кон север на Балканскиот полуостров, започнале оперативни дејства за потиснување на окупаторските власти како и диверзивни дејства на нивниот транспорт. Притоа во тешки временски услови целата воена операција имала поразителни шански за успех, но сепак поради херојството и натчовечките напори на учесниците во походот, замислата била остварена.

Една група на партизани предводени од генерал Михаило Апостолски, зимата 1944 година пристапила од југ кон пијанечкиот регион и притоа се искачиле на планината Голак. Овде било одржано советување при што биле донесени значајни воени одлуки за понатамошниот тек на акцијата.

Во одбележувањето на оваа значајна годишнина од Народно ослободителната борба на македонскиот народ против фашизамот, секоја година учествуваат и планинарите од Делчево и од неколку други места од земјава, изведувајќи традиционален планинарски марш.

Стартната точка на маршот е пред Спомен-домот на АСНОМ, а цел е планинскиот врв Чавка на надморска височина од 1.536 метри. Патеката е долга 24 километри во двата правци со висинска разлика од 900 метри.

Маршот е во организација на Општина Делчево во соработка со локални и регионални планинарски друштва од Делчево и регионот, а имало учесници од Пехчево, Струмица, Пробиштип, Крива Паланка, Кочани, Виница, Неготино, Штип и од други планинарски друштва, ширум Македонија.

За учесниците на манифестацијата и планинарскиот марш, организаторите приредуваат свеченост за доделување на признанија и благодарници придружени со заедничко дружење и забава со ручек.

Покрај спомен-обележјето (Спомен плочата) на Февруарскиот поход, присутните гости на манифестацијата можат да ги посетат и

1. Конаците и манастирскиот комплекс „Св.Богородица-Балаклија“ кои се наоѓаат попатно на планинарската марш-рута

2. Црквата „Св.Панталејмон“ на врвот на планината Голак на 1536 метри надморска висина.

3. Легендарната "Бун" чешма со која е поврзана легендата за два змејови.

4. Местото каде се одиграла една од позначајните битки во пред илинденскиот период во која загинал Дебарско-Кичевскиот војвода Максим Ненов

Настанот се реализира по четвртти пат, откако беше инициран за првпат за реализација од страна на Градоначалникот Дарко Шехтански во 2014 година.

Официјалниот настан на фејсбук каде може да ги следите сите најави за настанот може да го побарате на сл. линк тука.

Февруарскиот поход-симбол на истрајноста на македонската борба за слобода (Наша статија за настанот од 19.02.2017 година)

Во недела 19.02.2017 година во Делчево се одбележа 73 годишнината од реализацијата на февруарскиот поход во 1944 година. По четвртти пат традиционално, во чест на овој значаен историско-воен настан во организација на општина Делчево и Градоначалникот Дарко Шехтански, се одржа планинарски марш на планината Голак.

Учество на маршот зедоа над 60тина учесници од вкупно 15 здруженија, организации и групи на граѓани од повеќе општини во Државата.

Пред спомен плочата на Февруарскиот поход во Туристичкиот локалитет Голак по повод настанот членовите на КУД "Гоце Делчев" Делчево одржаа пригоден говор за значењето на самиот настан. По што претставници на Општина Делчево, здруженија и институции положија свежо цвеќе во чест на херојството на учесниците во Февруарскиот поход во 1944 година.

За крај на настанот на учесниците во планинарскиот марш од страна на претставник на општина Делчево им беа доделени пригодни благодарници за учество на овој традиционален настан.

За наредната 2018 година се најавува мал јубилеј (5 години) откако започна да се реализаира оваа манифестација во 2014 година по иницијатива на Градоначалникот Шехтански.

Видео од одбележувањето на 73 годишнината од Февруарскиот поход 19.02.2017

Во продолжение проследете го видеото од одбележувањето на 73 годишнината од Февруарскиот поход 19.02.2017 пред спомен плочата во туристичкиот локалитет Голак во Делчево

Наши галерии на фотографии од досегашна реализација на настанот

ozio_gallery_nano

 

За авторот на оваа статија:
The Crator
Author: The CratorWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на домен, дизајнер, програмер, развој и авторство на концепт, уредник, фотограф, автор на текстови, едитор, маркетинг промотор
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна