Сума:
loading...

Општо за настанот

Термин: Настанот се организира секоја година на 19-ти јануари

Локација: Центар на Делчево, река Брегалница

Организатор: МПЦ, Архиерејско намесништво-Делчево

Приказната за настанот

Од крштевањето на Св. Јован во водите на реката Јордан па до ден денешен се празнува овој христијански празник, помеѓу христијанското православно население ширум светот.

Богојавление-Водици 2013

На овој светол ден чествувањето од страна на верниците започнува повеќе денови пред тоа со препуштање на сопственото тело и сопствената волја на пост. Самиот ден започнува со света литургија во главниот градски храм Градска црква "Успение на Св. Богородица" во Делчево во сеслужителство на свештеници од делчевското архиерејско намасништво. Потоа во света народна литија светиот крст од оваа црква се носи на главниот градски мост на реката Брегалница во центарот на Делчево. По неговото осветување тој се фрла во водите на реката во која повеќе десетици верници истиот се обидуваат да го дофатат.

Најсреќниот пронаоѓач на светиот крст го носи истиот во црквата по што сите верници можат да идат и да се поклонат пред крстот.

За најсреќниот наоѓач на крстот следуваат симболични материјални награди од страна на донатори за црквата.

Во Делчево овој празник се одбележува во сите поголеми села (Град, Вирче, Разловци, Тработивиште, Ѕвегор, Габрово). Во село Разловци овој празник се одбележува на доста автентичен начин, што останал да се пренесува од генерација на генерација, од повозрасните жители на селото. Од рани мугри домаќините и домаќинките тргнуваат кон селската црква "Св. Цар Константин и царица Елена" во центарот на селото, каде се служи света литургија од страна на црковниот намесник во самата црква. По литургијата разловчани заедно со свештените лица се упатуваат кон секогаш ладната река Брегалница, каде најпрво се осветуваат водите на оваа река, најрано во целиот регион.

Во 2011 година за време на настанот се случи немил инцидент кога откако во водите на реката Брегалница беше фрлен крстот од страна на свештеното лице, настана подолготрајна турканица од страна на верниците кои беа влезени во водата, за да го фатат крстот.

По овој инцидент светиот крст не им беше даден на верниците на чување кај нив, туку беше оставен во црквата да стои за сите оние граѓани на Делчево кои сакаат да се помолат за здравје, тоа да го направат во самата црква.

Кликни тука за преглед на видеото од немилиот настан.

По овој настан во наредните години состојбата околу организацијата на истиот значително се подобри, со што празнувањето на Св. Богојавление-Водици во Делчево се празнува на најдостоинствен начин.

Најава за чествување на празникот “Св Богојавление”-Водици во Делчево 2017 година

Богојавление-Водици во Делчево 2016

Се е подготвено за чествувањето на православниот христијански празник “Св. Богојавление”-Водици во Делчево.
Традиционално празнувањето ќе започне во 07.00 часот во градската црква “Успение на пресвета Богородица” во Делчево, со служење на утринска литургија од страна на свештени лица од архиерејското намесништво од Делчево. Потоа во 08.00 часот ќе започне Света литургија во има не празникот “Св. Богојавление”. Со почеток во 09.00 часот во црквата ќе се спроведе лицитација на осветени икони. Со света литија која ќе започне во 10.30 часот од градската црква во Делчево до реката Брегалница во центарот на градот ќе биде донесен Светиот крст, по што во 11.00 часот истиот ќе биде фрлен во водата на река Брегалница, за нејзино осветување.
Во 11.30 часот Светиот крст ќе биде положен пред иконостасот во градската црква “Успение на пресвета Богородица” во Делчево по што сите православни верници ќе можат да се поклонат пред Него.
За среќниот пронаоѓач на крстот во водите на река Брегалница во Делчево од страна на црквата ќе бидат доделени пригодни награди за самата прилика. Градоначалникот на општина Делчево како и секоја година на ова лице му доделува паричен ваучер во износ од 10.000,00 денари. Оваа година од страна на правниот субјект “Зегин” на пронаоѓачот на Светиот крст, ќе му биде подарен и телевизор.
Организацијата на настанот оваа година во Делчево е проследена со граѓанска иницијатива на дел од учесниците во самиот настан со цел Светиот крст да биде дозволено од страна на црквата, среќниот пронаоѓач со своја придружба да го носи Крстот за осветување на домовите на жителите на општината, а, сретствата кои притоа ќе бидат соберени да бидат донирани во хуманитарни цели.
Имајќи ги во предвид низата на немили настани кои се случуваа во 2011 година и во периодот пред тоа, во врска со недоличното и насилно однесување на дел од учесниците во настанот кои се пријавуваа за пронаоѓање на Светиот крст, како и можноста оваа некаконска практика која ги надминува верските закони да се повтори, оваа иницијатива не беше одобрена за спроведување.
Хуманитарниот аспект на иницијативата е за поздравување, но, овој настан сите заедно не смееме, да дозволиме да прерасне повторно во нешто што не соодветствува со верските канони, правила и светоста и световноста на православната христијанска вера.

Наша статија за настанот 2017 година

Со многу среќни лица, со свеченост и радост во душата и телото, во духот на православието денеска беше одбележан празникот “Св. Богојавление”-Водици во Делчево. Уште од раните утрински часови можеше да се почувствува празничниот дух на денешниот свет ден кој се празнува во чест и слава на Светиот Дух кој во форма на небесна светлина и бел гулаб слетал да посведочи на светото крштение на нашиот Господ Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на Св. Јован Крстител.

Празнувањето започна во 07.00 часот со утринска литургија во Градската црква “Успение на Пресвета Богородица” во Делчево, по што во 08.00 часот се служеше Света литургија во чест на денешниот празник. Со литургијата чиноначелствуваше делчевскиот архиерејски намесник Otec Atanas Popovski во сеслужителство на отец Nani Vasev и други свештени лица на делчевското архиерејско намесништво. Голем број на жители на Делчево уште од раните утрински часови беа дојдени во црквата за следење на литургиите, во чест и слава на денешниот празник. Забележлива беше среќата, радоста, светлината и свеченоста на лицата на мноштвото делчевчани кои масовно беа дел од целокупниот настан.
Помеѓу присутните во црквата беше и Градоначалникот на Општина Делчево/Municipality of Delcevo г-динот Дарко Шехтански со претставници на дел од општинската администрација и локалните општински училишта и детска градинка.

Радоста на најмладите беше најголема-Дел од Светата литија во Делчево.

Во 10.30 часот со света литија, групата верници од пред црквата се упати кон центарот на Делчево, кај мостот на река Брегалница каде неколку илјади делчевчани очекуваа да го проследат чинот на осветување на водите на реката со Светиот крст. Дваесетината млади момчиња кои беа пријавени за учество во пронаоѓањето на Светиот Крст, нестрпливо очекуваа да влезат во ладната вода на Брегалница. На знак на свештените лица, свечено и во духот на христијанските канони и православното славољубие, непоколебливи од ладното време, со топлина во душата, младите момчиња се препуштија на брановите на Брагалница.


На чудесен начин Светиот крст беше изнесен од водата на реката од страна на младиот Сашко Ковачки, кому ова му е четврт обид за пронаоѓање на Светиот Крст, а прв пат ја имаа таа чест да го извади од водата.
Потоа Светиот крст заедно со неговиот носител, дел од присутните граѓани и свештените лица се упатија повторно кон градската црква каде Истиот беше положен за поклонение да стои за сите верници.
Во оваа свечена пригода свештените лица од делчевскато архиерејско намесништво на чесниот пронаоѓач на крстот му доделија пригодни свети подароци (Икона со ликот на Божјата мајка Пресвета Богородица, примерок од Светото писмо и други симболични награди). Градоначалникот на општина Делчево г-динот Дарко Шехтански му додели вредносен ваучер во износ од 10.000,00 денари а од страна на Генералниот директор на фирмата “Зегин” му беше доделено ЛЕД Телевизор со големина од 81cm.

Светиот крст во рацете на 22 годишниот Сашко Ковачки од Делчево
За сите учесници во настанот оваа компанија имаше обезбедено и маички и капи со нивно лого.
Овој традиционален настан претставува преубава пракса за манифестирање на заедништвото и сплотеноста на нашиот народ, и ваквиот позитивен дух на негова реализација треба и мора да продолжи да се одржува и во иднина.
За многу години Вујордание.
Бог се јави.

Галерии на наши фотографии од настанот во минатото


СИТЕ ГАЛЕРИИ: Осветување на водите на река Брегалница “Богојавление-Водици”


ozio_gallery_nano

За авторот на оваа статија:
The Crator
Author: The CratorWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на домен, дизајнер, програмер, развој и авторство на концепт, уредник, фотограф, автор на текстови, едитор, маркетинг промотор
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна