Сума:
loading...

Во најисточниот дел на Р.Македонија, по горниот тек на реката Брегалница, помеѓу планините голак и Влаина е распространета Делчевската општина..Поголемиот дел од населените места се наоѓаат во Пијанечката Котлина, а помал број по разграноците на Осоговската Планина.

 Високата планинска котлина Пијанец, се наоѓа на надморска височина од 576-650 m- се простира во должина на околу 15 km а во широчина 4-5 km.

На север и североисток, од коритото на Брегалница, котлината се издига со благи ридови што претставуваат врска помеѓу Осоговските и Малешевските планини и вододелницата на реките Струма и Вардар. Од југ, котлината е заградена со ридот Бејас Тепе, од  југозапад со планината Голак. На север во должина од 30 km постепено се издигаат голите ридчести падини на југоисточните делови на планината Осогово. Овој дел го носи името Осоговија. Преку Долините на реките Брегалница и Желевица, Пијанец на југ е поврзан со повисоката Малешевска Котлина, а на запад по долината на Брегалница со многу пониското Кочанско Поле. На исток Преку планинскиот пресек Арнаутски Гроб, Пијанеце поврзана со Благоевградската Котлина во Пиринска Македонија.

На југ се граничи со со општините Пехчево и Берово, на запад со општината Виница, на северо – запад со општината Македонска Каменица, а на исток и северо исток со Република Бугарија. Опкружена е со Планините Голак (на запад), Влаина (на Исток) Осоговските планини (на Севе р) и Малешевските Планини (на Југ).

Општината Делчево до 1996 година зафаќаше површина од  589  km²  или 2,3 %  од територијата  на државата. Со новата територијална поделба на Република Македонија, од општина Делчево е издвоена општината Македонска Каменица, така што таа денес  зафаќа територија од  423 km² . Покрај општинскиот центар Делчево,  во општината има и 21 селска населба. По големина на територија и број на население, општината се вбројува во помалите општина во Република Македонија.

Територијата на Пијанец и денешната територија на општина Делчево во ралични историски периоди имала значајна геостратешка положба. Тука поминувале значајни трговски патишта во минатото за што и ден денеска сведочат остатоци од овие стари патишта

За авторот на оваа статија:
The Crator
Author: The CratorWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на домен, дизајнер, програмер, развој и авторство на концепт, уредник, фотограф, автор на текстови, едитор, маркетинг промотор
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна