Сума:
loading...

Во продолжение прочитајте ја "Најубавата песна" за Делчево


Најубави приказни ми се оние

за времето поминато во боровата шума,

во подножјето на Голак,

во снеговитите соспи на патот кон волшебните Свети води,

кон дворот на училиштето во бунтовното Разловци.


 

Онаму каде свет храм е душата на моите земјаци.

За домот од вечна смеа

и старински приказни,

со милостив топол пламенец

во суровите зимски ноќи...


 

За предвечерието на една чудна свадба

и свадбари кои останале скаменети

од Божјиот здив, на патот

кон својата неостварена дестинација.


 

Пат кон срцето на една невеста

која срамежливо наѕира

од под зелениот тепих на Средна,

тепих на проклетство родено од потсмев.


 

Немаат цена фотографиите направени,

кон летниковците во прегратката на Пресвета Богородица Балаклија,

за инает на Светата вода

која извира од темелот на некој незнаен градител.


 

Фотографии кои еднаш но засекогаш стојат запечатени

низ погледот на мојот универзум,

завиткан во избор и среќа.


 

Само љубопитноста на млад и занесен ум

може да се нурне длабоко во темнината на Киселичката пештера

и притоа да биде горд што со себе

понел само тишина и исконски здив од утробата на мајката земја.


 

Со брод денеска пловев по Брагалница...

Брод составен од мисли со едра од облаци,

со ветерот како мој сопатник.

Кон прегратките на Св. Кирил и Методиј

и помалиот Св. Наум,

под мостот на мојата младост и сегашност...


 

А стојам закотвен во мислите, за навек во иднината.

На ова место каде многу поминуваат случајно,

само ретките остануваат вистински, од љубов.


 

Си припомнувам на сите ликови

на ѕидовите на моите цркви,

во кои здивот го вардиш

да не ги обеспокои вечните лица

на убиените за бога, постраданите за вера.


 

И таму некаде помеѓу ангелите и сонцата, во очите на Бога,

За миг успевам да застанам со моето срце, да го потпрашам веков:

Уште колку?


 

А тој само што почна....


 

Заедно со коските на безвременскиот тигар

кој се заборавил себеси во ова питомо гнездо,

И девојката Илина,

овековечена во својата љубов кон сопствениот род.


 

Овде патиштата имаат корени и стражарски кули под будното око на вечноста..

тука некаде е закопано скриеното богатство на пијанечките сливари,

тука некаде заедно со инаетот и сезнаењето на мојот род,

кои имаат своја посебна приказна за раскажување....


 

Не можам а да не зачекорам низ сонот на дедовците, бабите...

Ред од опинци, саи, ленени кошули и волнени панталони...

Не можам а да не останам скаменет на тропотот на времето...


 

Тоа е време на Копачката,

од секогаш и засекогаш.

Над каменот кој сакам да го наречам “свој град”,

останала само една песна неиспеана...


 

Песната на птиците кои сакам да се вратат.


 

Тоа е песна на мојата надеж...


 

За авторот на оваа статија:
The Crator
Author: The CratorWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на домен, дизајнер, програмер, развој и авторство на концепт, уредник, фотограф, автор на текстови, едитор, маркетинг промотор
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна