На територијата на општина Делчево утврдени се значајни наоѓалишта на металични, неметалични и енергетски минерални суровини, како значаен потенцијал за развојот на општината.

-Наоѓалишта на јаглен, лоцирани во Делчевско – Пехчевскиот басен, со вкупна површина од околу 100 км2, трети по значење во Република Македонија. Вкупните резерви се утврдени на околу 46 милиони тони јаглен.

 -Во коритото на река Брегалница има околу 90 милиони метри кубни златоносен алувион од песок и чакал. Се претпоставува присуство на 13,5 – 36 тони злато.

-Природно печената глина, со утврдени резерви над 10 милиони тони,  а со значајна комерцијална вредност се и гранитите, варовниците и диабазите.

-Геотермалната енергија – при испитувањата на лежиштето на јаглен “Стамер – Ѕвегор”, утврден е среден геотермален градиент од 6,5° C/100метри, што укажува дека зголемувањето на температурата во насока на длабочина е побрзо од вообичаеното

Наши пријатели

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна