Сума:

Public local library "Ilinden" DelcevoНародната библиотека "Илинден" е формирана во 1954 година со одлука на Собранието на Општина Делчево. Таа во почетокот дејствува како самостојна народна библиотека "Изгрев" се до 1963 година, кога е интегрирана со Домот на културата "Илинден" од Делчево. 

Како составен дел од Домот на културата "Илинден" од Делчево функционирала се до 1992 година, кога е покрената иницијатива за одделување на библиотеката од сложената организација на Домот за култура. Како резултат на оваа иницијатива во истата година библиотеката се афирмира како самостојна културно-образовна институција именувана како Матична библиотека "Илинден"-Делчево со два постојани сопствени оддели (наречени клонови) во Македонска Каменица и во село Разловци.

Од почетокот на своето основање својата дејност Библиотеката во 1954 година ја остварува со книжевен фонд од 250 томови, кои во тоа време ги обезбедило Собранието на Општина Длечево. Во 1978 година , книжевниот фонд се зголемува на 22.534 публикации.

loading...

Наши пријатели

 


 

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна