Сума:

 

Општина Делчево се наоѓа во крајниот североисточен дел на Република Македонија, во подножјето на планината Голак (Чавка -1524м), непосредно до бугарската граница на оддалеченост од само 10км.  На исток е заградена со планината Влаина, на север со Осоговските и на југ со Малешевските планини. Сместена е во котлината Пијанец и распослана по горниот тек на реката Брегалница.

Општината со нејзината поширока околина се протега на следните координати: 41º 58’ северна географска ширина и 22º 46’ источна географска должина, на надморска височина од 630 метри.

Општина Делчево на југ се граничи со општините Пехчево и Берово, на запад со општината Виница, на северозапад со општината Македонска Каменица, а на исток и североисток со Република Бугарија. Општината претставува важна алка на источномакедонската магистрала, која ги поврзува сите поголеми населби во овој дел на земјата, а понатаму и со делови од територијата на соседна Бугарија. Практично, Делчево лежи  на еден многу важен крстопат преку кој во напореднички правец води најкусата врска меѓу долината на реката Вардар од една, и долината на реката Струма од друга страна.

Територијата на Општина Делчево се протега географски во правец југозапад-север-северозапад.

Повеќе информации за местоположбата и географските карактеристики на Делчево може да прочитате на DelcevoGlobalOnline.    

contentmap_plugin
loading...

Наши пријатели

 


 

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна