Сума:
loading...

Шумите во општина Делчево зафаќаат површина од 27.899 хектари или 48% од вкупната територија на општината. Во структурата на шумите најзастапени е дабовата шума, потоа боровата и на крајот со најмал процент е застапена буковата шума. Шумите се богати со разни лековити билки, шумски плодови и растенија.

Во шумските предели се среќава богат растителен и животински свет, а особено внимание треба да се посвети на загрозените видови: дивата свиња, срната, дивиот зајак, црниот орел, еребицата и бувот.

Во однос на сопственоста:

49% од шумите во општина Делчево се приватни, а 51% државни.

Извор: ЈП Македонски шуми “Голак”, Делчево

Шумите во општина Делчево се дефицитарни со дрвна маса,т.е. потребите за одревно дрво на домаќинствата се поголеми од утврдениот годишен сечив етат.

Вкупно површини под шуми Измерена дрвна маса Просечен годишен прираст Етат за сеча Број на домаќинства Потребно бруто огревно дрво (м3)           Дефицит/ Суфицит (м3)
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10  
ха м3 м3/ха м3 м3/ха м3   За едно Вкупно(7*8)     (6-9)  
27899 2355919 87 48837 1,8 36365 5568 9,44 52562 -16197  
                                 

Извор: Аналитична информација за шумите на општина Делчево и М.Каменица до 31. 12 2004 година – 50 год. работа и постоење  на шумско стопанство ”Голак” Делчево – 1951 до 2002 година, Асен Давитков

Од следниот преглед се гледа проблемот со бесправна сеча на шумите во општина Делчево:

Сеча на дрвна маса                (2003 -2004) Продадено огревно дрво Потребно бруто огревно дрво   
м3 Во општината Надвор м3
1 2 3 4
49493 14833 34660 52562

Извор: Аналитична информација за шумите на општина Делчево и М.Каменица до 31. 12 2004 година – 50 год. работа и постоење  на шумско стопанство ”Голак” Делчево – 1951 до 2002 година, Асен Давитков

За авторот на оваа статија:
The Crator
Author: The CratorWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на домен, дизајнер, програмер, развој и авторство на концепт, уредник, фотограф, автор на текстови, едитор, маркетинг промотор
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

ЗА ДЕЛЧЕВО

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна