Сума:
loading...

Историјат и генерални карактеристики

Потеклото на Пијанец е тектонско. Според геоморфолошките испитувања на Б.Ж Милоевиќ, Цвиииќ и други научници уште во Палеоген котлината Пијанец претставувала посебна долина одвоена од Кочанската и Малешевската. Растроените, превртени и набрани палеогенски седименти укажуваат дека во Предплиоценот настанеле силни тектонски движења, односно, спуштање на теренот меѓу овие котлини и како резултат на тоа се создал горниот тек на долината Брегалница.

 Во Плиоценот, Пијанечката Котлина била езеро поврзана со Малешевското езеро, со две притоки, едната источно од ридот Бејас Тепе по која сега тече реката Желевица, втората западно од тој рид која подоцна повеке се продлабочила и по неа тече реката Брегалница.

Пијанечкото езеро било поврзано и со Кочанското Езеро, Ќустендилското и Благоевградското Езеро. Врските со последните две езера се прекинале со издигањето на гребенот на источната страна, додека утоката во Кочанското Езеро се продлабочила и во неа истекла водата, а тоа долниот тек на реката Брегалница. По истекувањето на езерото со флувијална ерозија и денудација се формирале денешните релјефни форми на Пијанец.

Геолошкиот состав на Пијанечката Котлина е хетероген. Пониските делови на котлината се Палеогени и Плиоцени наслаги. Тоа се претежно песочници, глиници, варовници и конгломерати што лежат преку стари еруптивни карпи и кристални шкрилци. Грербените околу котлината главно се составени ок кристалести шкрилци и еруптивни карпи особено Гранит.

Најнискиот дел, Алувијалната рамнина, настанала од наносите на река Брегалница и нејзините притоки. Тоа е најплодното земјиште.

Реката Брегалница

Брегалница по должина е најголема притока на Вардар. Извира под врвот Ченгино Кале на Малешевските Планини на надморска височина од 1.720 м, а во Вардар се влива меѓу селата Ногаевци и Уљанци, на надморска височина од 137 м. Средниот проток при утоката изнесува 28 м3/с (максимални протоци 640 м3/с, а при минимални коритото е суво). Има вкупна должина од 225 км, сливна површина од 4.307 км2 и релативен среден пад од 7‰. По спуштањето од Малешевските Планини каде Брегалница има мошне развиена изворишна челенка, таа најпрво тече низ Беровската Котлина во која има широк тек, доста е мирна но и акумулира значаен флувијален материјал. Кај с. Будинарци широчината на долината достигнува 500-600 м, а од с. Разловци веќе влегува во клисурестиот дел на Разловската Клисура долга 19,1 км. Средногодишниот проток на профилот кај Разловци изнесува 6,3 м3/секунда.Во клисурата се јавуваат одредени ерозивни проширувања како она кај с. Митрашинци. По Разловската Клисура Брегалница тече низ Делчевско Поле во кое наталожува значајна количина на чакал и песок со што на одредени потези текот се разбива во неколку ракави. Во Пијанец и Малеш е горниот тек на р. Брегалница. Таа тука тече од југ кон север и има меридијански правец на протегање. Вкупниот годишен просечен проток на Брегалница на профилот “Калиманци” изнесува 264 милиони метри кубни.Од вливот на Очипалска Река па до с. Истибања односно до влезот во Кочанската Котлина и понатаму до вливот во Вардар, Брегалница тече од исток кон запад и има напореднички правец. За ваквото нејзино свртување Б. Милоевиќ ќе напише: “Во текот на палеоген во долината на денешна Брегалница постоеле две удолини, горна, меридијанска и долна, напоредничка” (Милоевиќ, 1941). Подоцна, долната напоредничка долина со регресивна ерозија се соединила со горната меридијанска долина со што почнала да егзистира денешната долина на Брегалница. Тогаш всушност настанало поврзување на отоката на Кочанското Езеро со отоката на Пијанечкото Езеро.

Низ Истибањската Клисура, Брегалница тече во должина од 39 км. Во неа денеска е формирано езерото Калиманци од кое се наводнуваат околу 28.000 ха земјоделски површини во Кочанско и Овче Поле.
Во Кочанската Котлина Брегалница навлегува кај с. Истибања и низ неа тече речиси по средината и ја напушта кај с. Крупиште каде на запад од него изградила кратка сатеска. Низ котлинското дно Брегалница има рамнински карактер со просечен пад од само 1,8‰. Затрупувано со наносите на притоките и пороите коритото е плитко и непостојано поради што често доаѓа до изливање на водата.

Од Штипската Сатеска до вливот во Вардар, Брегалница тече низ млади палеогени и неогени седименти и коритото има меандриски облик. Тоа е пределот Слан Дол.

Во својот тек Брегалница прима 23 притоки подолги од 10 км. Од десната страна дотечуваат 10 притоки со вкупна должина од 241 км, а од левата страна 13 притоки со вкупна должина од 260 км. Долините на сите притоки, за разлика од долината на Брегалница која е полигенетска, се моногенетски. Тие се развиле како притоки на одделни езерски басени, а со истекување на езерото нивните води го продолжуваат својот тек и стануваат притоки на Брегалница. Во планинските предели долините им се длабоки и имаат облик на латинската буква В (V). Со усечувањето во некогашните езерски басени, долините им се проширувале, а долинските страни се намалувале. Денеска главно имаат симетрични долински страни.

Десни притоки на Брегалница

-На територија на Општина Делчево:

Желевица, Даштица, Репница, Граштица, Ѕвегорска Река, Габровчица, Очипалска река

-На остатокот од сливното подрачје:

Пехчевска Река, Луковичка Река, Каменичка река Оризарска Река или Масалница, Кочанска Река, Злетовска Река, Светиниколска Река.

Леви притоки на Брегалница

 -На територија на Општина Делчево:

Олшана, Петрашевsска река и Чифличка река

-На остатокот од сливното подрачје:

Ратевска Река, Каменичка, Будинарска Река, Бигланска Река, Заровец, Осојница, Градешка Река, Зрновска Река, Река Плачковица, Козјак, Сува Река, Отиње, Крива Лакавица

Вештачки езера и акумулации во Општина Делчево

 Езеро Калиманци, Езеро за спортски риболов "Сандански", Акумулација "Лошана", Акумулација "Петрашевска брана".

Брана Лошана

Значаен потенцијален хидрографски објект во општината е брана Лошана, со зафатнина од 1 400 000 метри кубни вода, во непосредна близина во атарот на селото Разловци. Браната е изградена во период од 2002 година до јануари 2008 година.

Оваа акумулација главно се користи за решавање на проблемот на водоснабдување во дел од општина Делчево, а има потенцијал да се користи и дел за наводнување на Делчевското поле (300 ха).

   

Брана Петрашевец

Друг значаен изграден хидрографски објект во општината претставува акумулација Петрашевец со зафатнина од 180 000 метри кубни вода, која се користи за наводнување на обработливите површини низводно од Браната.

Преглед на можни акумулации за изградба во Делчево

 

Профил Водотек Површина на слив(км2) Зафатнина на акумулација (м3)  
 
Чукар Желевица 90 20 000 000  
Град Пијавица 9 120 000  
Ѕвегор Ѕвегорска 10 600 000  
Бела Вода Габровска 22 550 000  
Стара  Река Стара  Река 20 250 000  
Очипалска I Очипласка 23 320 000  
Очипалска II Киселичка 8 350 000  
Туришница Туришница 20 500 000  
Репница Репница 6 530 000  
Бигла Бигла 1,33 25 000  
За авторот на оваа статија:
The Crator
Author: The CratorWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на домен, дизајнер, програмер, развој и авторство на концепт, уредник, фотограф, автор на текстови, едитор, маркетинг промотор
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

ЗА ДЕЛЧЕВО

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна