Сума:
loading...

Климата во Делчево е континентална источно-европска со модифициран плувиометриски режим. Просечната годишна температура во Делчево изнесува 10,7°С, со апсолутен минимум од -26°С и апсолутен максимум од 37°С, додека на повисоките предели просечната годишна температура паѓа до 3,5°С. Најтопол месец е август, а најстуден е месец јануари. Пролетта е секогаш постудена од есента.

Облачноста не е голема, така што во годината доминираат сончеви и ведри денови. Просечните годишни количини на врнежи во Делчево изнесуваат 548 мм, а на планините над 1.600 м.н.в. и до 1.000 мм. Врнежите, иако се релативно ниски, нивниот распоред во вегетациониот период (април-септември) е поволен и изнесува над 50% од вкупните годишни врнежи.

Вегетациониот период со температура повисока од 10°С трае 191 ден во текот на годината. Ваквата поволна клима овозможува виреење на разни растенија, а воедно претставува и многу погоден природен услов за развој на туризмот во овој крај.

Вегетациониот период со температура повисока од 10°С трае 191 ден во текот на годината. Ваквата поволна клима овозможува виреење на разни растенија, а воедно претставува и многу погоден природен услов за развој на туризмот во овој крај.

За авторот на оваа статија:
The Crator
Author: The CratorWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на домен, дизајнер, програмер, развој и авторство на концепт, уредник, фотограф, автор на текстови, едитор, маркетинг промотор
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

ЗА ДЕЛЧЕВО

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна