Сума:
loading...
Локација: Источна Македонија   Оддалеченост од главниот град Скопје: 165 км   Број на население:17500 жители   Број на населени места: 22

Само градот Делчево e со 11500 жители.

21 рурална средина со 6000 жители.

Површина на општината 423 км2.

Општина Делчево го зафаќа североисточниот дел на Република Македонија, сместена во котлината Пијанец, помеѓу планините Голак, Влаина, Осоговски Планини и Малешевски Планини. Се протега по горниот тек на реката Брегалница на надморска височина од 600-700м.

Мотив од центарот на Делчево

Зафаќа површина од 423 км . Делчево е само 10 км оддалечено од Република Бугарија, со граничниот премин „Арнаутски Гроб.“

Патишта кои водат до Делчево се: Магистрален пат А 3 и Регионален пат 1302. Климата е умерено континентална.

Според последниот попис на население во 2002 година, во општината живеат 17 505, од кои 8977 се мажи, а 8528 се жени. Според националната припадност 95 % се Македонци, 3,7 Роми, 0,7 % Турци, 0,19 % Срби, 0,04 % Албанци, 0,02 % Власи и останати 0,28 %.

Археолошките пронајдоци на територијата на општина Делчево сведочат дека тука се живеело со векови. Под името Царево Село за првпат се споменува 1347 година во една повелба на цар Душан. Според легендите познато е и под името Василево, по византискиот владетел Василиј II. За време на Отоманската Империја, се викало Султанија, но жителите го викале Царево Село.

Во 1950 година го добива името Делчево во чест на македонскиот револуционер Гоце Делчев. 

Покрај градот Делчево, во општината има 21 населено место: Бигла, Ветрен, Вирче, Вратиславци, Габрово, Град, Драмче, Ѕвегор, Илиово, Киселица, Косово Дабје, Нов Истевник, Очипала, Полето, Разловци, Селник, Стамер, Стар Истевник, Тработивиште, Турија и Чифлик.

ozio_gallery_nano

 Во следното видео во продолжение може да се погледаат значајни информации и ретки фотографии од историскиот развој на Делчево.

 

stop view Info
/
      preview
      Album
      Photo
      Date
      Dimensions
      Filename
      File size
      Camera
      Focal length
      Exposure
      F Number
      ISO
      Make
      Views
      Comments
      ozio_gallery_fuerte

      За авторот на оваа статија:
      The Crator
      Author: The CratorWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
      Сопственик на домен, дизајнер, програмер, развој и авторство на концепт, уредник, фотограф, автор на текстови, едитор, маркетинг промотор
      Краток опис:
      Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
      Други најнови статии од авторот:

      ЗА ДЕЛЧЕВО

      Go to top

      Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна