Сума:
loading...

Понекогаш (а тоа е многу често во последно време) не е доволно маж да заврши одредена работа. Тогаш женската моќ стапува на сила и работата бива завршена точно така како што треба.

Домаќинки, мајки, сопруги, работнички, општествени дејци, свеста на еден народ, богатство на карактери...

Нашиот свет со овие жени е секако поубаво место за живеење! Во нашата редовна рубрика "Балканска афоризница" ви ја претставуваме гордоста на балканската лига во сатира во целосно женска постава:


stoimenovalence resize

Партиски клуч е најдобариот калауз.

Ленче Стоименова


sailovicdeana resize

Јавните набавки се резултат на вкрстување на приватизацијата и проституцијата.

Деана Саиловиќ


veljovicpavica resize

На слепите не им смета мракот.

Павица Вељовиќ


cvetanovaljupka resize

Колку повеќе ве газат, толку поцврст ви го прават темелот.

Љупка Цветанова


aristomarkovicmarina resize

Најмалку штета прават политичарите што завршуваат онаму кај што ќе започнат.

Марина Аристо Марковиќ


petkovicsandra resize

Го препознавме проблемот. Беше маскиран во одлична прилика.

Сандра Петковиќ


kjurchiskanatasa1 resize

Кога одмара полицијата, одмараат и кардците. Ризично е да се краде без заштита.

Наташа Ќурчиска


karagicnada resize

Полиграфот е нова мерна единица за интелегенција.

Нада Караџиќ


pashicdragana resize

На мојот праг на толеранција, не може секој да си ги брише нозете.

Драгана Пашиќ


raicevicmarina resize

Ако е нормално да се лаже и краде, нас ни фалат ненормални луѓе.

Марина Раичевиќ


За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Уметност и култура

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна