Сума:
loading...

Она што убавиот збор може да го поврзе ништо не може да го раздели.

Она што сатирата може да обедини, многумина сакале да го негираат. Постојано и повторно не успеале.

Затоа од денеска имаме особена чест да претставиме една нова пракса на повлекување на сатирични трансверзали до сите мередијани од светот. Трансверзали кои почнуваат од Македонија (се разбира).

Денешната трансверзала е од Вардар до Владивосток...

Уживајте или мачете се. Кој како!


tolevskiv

Политиката е најдобар очен доктор

Кај неа и најголемиот слепец прогледува.

Васил Толевски, Македонија


todorovmilan

Неодамна се сретнав со нашата историја.

Толку се измени, што не ја препознав.

Милан Тодоров, Србија


sidorovsergej

Неодамна се сретнав со нашата историја.

Толку се измени, што не ја препознав.

Сергеј Сидоров, Русија


 

simics

Во Собранието може секој да влезе.

Тоа е јавна куќа.

Слободан Симиќ, Србија


 

shohjervladimir

Луѓето раскажуваат бајки,  затоа што не можат да поверуваат во стварноста.

Владимир Шојхер, Русија 


dolinskiv

Не барајте луѓе на други планети.

Овде се уште шансите се, за нијанса, поголеми.   

Витомир Долински, Македонија


 

 

Ако насекаде околу вас се будали,  вие сте, значи, централна.

Јевгениј Кашејев, Русија


cotrica

Господ го созададе светот.

А требаше да се испроба на нешто поситно.

Александар Чотриќ, Србија


gjorgjijoskim

Ме плашат оние што мудро молчат. 

Долго време уста не отвараат .

Миле Ѓорѓијоски, Македонија


 

Едни аплаудираат  затоа што немаат глави, а други за да не ги изгубат.

Аркадиј Давидович, Русија


За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Уметност и култура

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна