Сума:
loading...

-НА КИНИСУВАЊЕ-

 

Позапри, мајко, затрај се,
доста ме, леле, испраќа,
доста си солзи излеа
по тија пусти патишта.


А туку, мајко, погледај,
погледај, леле, послушај,
како ми пилци запреа
песни сред пролет радосна,


како ми вода затраа,
темни ми карпи писнаа,
а гора лисја пророни
од твојте тажни гласови.


Јас, мајко, тргнав, заминав,
куса си пушка нарамив,
планина Пирин развила,
бајрак се вее сред неа:


Јас ќе го, мајко, дофанам,
над село ќе го развеам,
та ќе те, мајко, куртулам
од тоа ропство крваво.

Коле Неделковски

16 декември 1912- 2 септември 1941

Песната "На кинисување" е објавена во стихозбирката "Македонска лирика" во 1950 година од страна на Уредот за информации при Владата на Народна Република Македонија.

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Уметност и култура

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна