Сума:
loading...

Никаков! На 125 км/час фиќото се распаѓа... Евапоризира....

Оваа мала шега беше редовна во почетокот на 90-тите години на минатиот век кога толку многу посакуваниот капитализам продираше во македонското балканско гнездо во кое се испилуваа новопечените капиталисти (доскорешни социјалисти).

 

Се чини врвот на тоа идилично општество во кое декларативно зад плаштот на помпезната државна политика на претходната федерација, беше произвотството на сопствени автомобили. Споменикот на тоа општество добро познатото фиќо како и помпезно фалената Застава 101 како полуксузно возило од фиќото (која беше лимузина во споредба со малата прапорка), беа ништо во споредба на митолошкото Југо Корал, кое замислете беше целосно југословенски производ. За да имаш Југо корал дома, беше семејна гордост а државата те гледаше како патриот од соништата. Со купувањето на Југо Корал секој инвестираше во својата економија, која не да беше зарибана до гуша, беше пропадната уште пред да започне да се развива...

Колку ли само бонови за храна мораа да се заштедат, колку ли само платежни чекови мораа да се испечатат за едно Југо или недај боже Застава...?

Дури и лебот слатко наречен "Лепа Брена" не беше предизвик во споредба со Југото...

Кога ке видиш Југо и Застава 101 паркирани едно до друго исто како Тито да си го видел.... Ако пак до нив имаше паркирано и фиќо, тоа ти е исто како Тито да ти мавнал со раката само на тебе....

Милина!

По распадот на заедничката држава и продорот на бесни машини од типот на Мицубуши, Хонда, Голф, Ламбурџини, овие велелепни убавици кои до вчера беа национална гордост мораа да си побараат преквалификација и адаптација за сопствените намени.

Колку ли само носталгично изгледаше кренат заден капак на Застава 101 на ливада покрај река за 1-ви Мај, а покрај неа лежалки и расчурена скара, со мини фрижидерче за ладно пиво...?

После мораше галабарници да правиме од школките кои како-така се уште не беа кородирани и покрај тоа што беа понекои и над 40 години на забод на времето....

А да! Колку едноставно беше менувањето на резервен дел на некоја од овие Југословенски убавици... Секаде имаше дел за замена. Каиш можеше од ремен за фармерки да му се фати на фиќото...

На шала на смешка, во тоа време (бившо Југословенско) секој можеше да си дозволи т.н. "ауто". Социјализмот кој живееше на "шкрги" под диктат на британските и француските кредитори, се чини утопија, но горди сме што можеме да кажеме дека кај нас постоеше...

Живеевме во утопија луѓе!

(Ова во позитивен контекст го кажувам).

Во продолжение едно клипче кое иако како на шега направено, има многу вистина во него. 

Уживајте:

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Уметност и култура

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна