Сума:
loading...

Овој филм третира една сериозна тема која го засега било кој човек на планетата земја: Борбата за сузбивање на сиромаштијата во земјите од третиот свет.....

НЕМА FU_KING ВРСКА овој филм со споменатата тема. Безбедноста на Белата куќа и безбедноста на американскиот претседател е тема на филмот....

Ама филмот е лудница....За сите искомплексирани и примитивни филмаџии од цел свет кои преку глава им дошло од улогата на светскиот полицаец  по паѓањето на ѕидот во Берлин (човек да не земе да реновира по маалото-ке му препишат кој знае што како историски акт), овој филм ке им биде како мелем на страдалната душичка која морала назад низ годините да ги гледа херојствата и подвизите на големиот американски народ.

И сето тоа до некаде околу 30-тата минута кога Жерар Батлер се вознесува од пепелта на гипс-картон плочите на репликата на белата куќа-направена специјално за овој филм и прави лом до над колена по се живо што ке му налета на нишан.

Сурова акција од филм кој ке ве остави прикован за удобната ви расседната фотеља. Има брутални сцени од типот забивање на нож во череп, разнесување на човечки тела со експлозив итн....Малце глупаво делуваше таа сцена кога двајца терористи со експлозивни елеци се приближуваат на оградата од дворот на Белата куќа и го активираат експлозивот за да отворат простор за влез на другите терористи низ отворот на оградата. Се прашувам што не акнаа еден од камионите за комунален смет низ оградата за да ја урнат (која патем се состои само ад армирано-бетонски парапет и профилни столбови од челик)?

Нејсе, оваа сцена сурово изгледа  и на гледачите им влева поголема омраза кон терористите, и овозмоува нетрпеливост и напнатост до крајот на целиот филм.

Исто така некако банално ми делува фактот што тројцата најмоќни по функција луѓе во САД (носители на кодот за деактивација на целиот тактички нуклеарен арсенал на САД) одеднаш си дозволуваат да бидат затворени во иста просторија со непознати луѓе влегување нема без интервенција од внатре. Во филмот се спомнува нешто како "не е според протоколот" но сепак во брзоплетоста на ситуацијата сите тројца слегуваат во бункерот под белиот дом и тами како патки кои што тукушто пролетале чекаат да бидат отстрелани од типчето со наочарчињата кој некако успеал да се протне под радарот на безбедносните служби што се знаат.

Во филмот исто така доловен е и сентименталниот момент на посветеност кон пријателството и лојалноста на еден поранешен член на тајната служба за заштита на претседателот, што филмот го прави и своевидна драма (за мали деца и американци изгледа), и на крај просто на човек не му преостанува ништо друго освен да земе и да паче (кој од смеа кој од емоции).

Светска премиера: Март 22, 2013 (USA)
Режија: Antoine Fuqua
Продуцент: Gerard Butler
Кинематографија: Conrad W. Hall
Жанр: Акција, Трилер

Актерска екипа

 
Gerard Butler
Mike Banning
 
Rick Yune
 
За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Уметност и култура

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна