Сума:
loading...

Еве еден типичен пример на филм кој што се наоѓа во не толку гламурозната холивуудска продукција на блокбастери.Безпретенциозно дејство, кое вози низ целиот филм.

Напната атмосфера, без предвидливи моменти и лажирање. Целата сценографија и фотографија, претставуваат убав декор на филмот, чиј што главен белег се токму овие два елементи.Секако тука е и одличната глума на Ерик Бана, кој уште од филмот Троја го сметам за човек кој секогаш има што да каже и покаже на големиот монитор. Човекот која ја игра главната негативна улога во филмот, и е двигател на целото дејство, играјки си постар брат-заштитник на помалата сестра, прави вистински пекол во зачмаеното место на северот од САД, близу границата со Канада.

Некои од гледачите на овој филм може и да си помислат дека требаше на таквата зачмаеност да му се случи овој човек за да живне местото малку. Секако таквите луѓе би ги нарекле фаталисти и морбидни, но сепак, пораката би била следна:

За да се разбуди човек од заспаноста и зачауреноста од сопствениот живот, не треба да се случуваат, надворешни влијанија.Потребна е само желба и визија.Нејсе.

Дејството на филмот е речиси секојдневно: Грабеж на казино, торба полна со пари, бегство од законот, љубов, падови во семејството, нарушени човечки односи итн, итн. Провинцијализмот на системот, отсликан преку аматеризмот на шерифската служба, како и борбата за иднина според желбите, бегајки притоа од стегите на истиот тој провинцијализам од страна на младата полицајка, наметнува дејство кое секако дава богатство и слоевитост на содржината на филмот.

Филмот можеби нема да е кандидат за оскар, но е солиден и поразличен од холивудските клишеа, кои сме навикнати да ги гледаме зависнички, пред екраните, мониторите, платната, телефоните...Кој, како каде....

Премиера: Април 22, 2012 година
Режија: Stefan Ruzowitzky
Траење:Zach Dean
Кинаматограф: Shane Hurlbut

Актерска екипа:

 Eric Bana

 Olivia Wilde

 Kate Mara

 Charlie Hunnam

 Sissy Spacek

 

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Уметност и култура

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна