Сума:
loading...

Доста лепење плакати наопаку !!! Па не сме неписмени "мајке ми".

Синоќа по 7 години во Делчево кино салата повторно беше "културно прибежиште" за неколку стотини граѓани (главно млади) граѓани од градот.

 

Со премиерата на филмот "Трето полувреме" започна најавената "жешка кино зима" во Делчево. По изразот на лицата и несигурноста во нивните постапки некои гледачи од публиката изгледаа како за првпат во животот да беа присутни на една кино претстава. Неизживеаноста на овој секаде културен феномен, а само кај нас предмет на подбивност, од страна на народецот во Делчево, можеби и допринела до моменталната состојба на кино културата во Делчево. Не знам дали некој се сеќава на култниот "Азис" период на кинематографијата во Делчево, кога неделно имаше и по 4-5 нови светски блокбастери на репертоар кои се емитуваа и по три пати дневно на кино платното во Делчево. Тоа е истото она кино платно кое  прозрачи со секвенците на Третото полувреме на режисерот Дарко Митревски во се уште истата кино сала во Делчево. Велиме се уште, бидејки е најавена целосна реконструкција на истата во 2013 година, покрај новата дигитална опрема која се инсталира пред некој ден во собата на кино операторот. Поздрав за Менсур. :)

Е сега за филмот...

Филм ко филм...па башка македонски.... Така би рекле нашите "браќа" б'лгари, кои на нож го дочекаа ова филмско остварување од Македонија. (Имаше една многу "јака" рок група "Валтари".Името одсекогаш ми личеше на овој акроним со кој се нарекуваат нашите источни соседи). Јас не знам како може еден македонец да оди на одмор на исток...Сонцето бега од исток, а ние сме се "загнале" на исток па на исток.

Настрана од било што...Филмот е модерно ремек дело на македонската кинематографија.Одлична приказна, прекрасна фотографија, досетливи комични ситуации, и трагична мелодрама возможна само за македонскиот карактерен дух. Љубовна приказна спакувана во бурни времиња во кои се додефинира македонската државност и идентитет.

Не би раскажувал делови од филмот, кој навистина треба секој македонец да го погледне.

Кино салата во Делчево е одлична можност за тоа, каде филмот ке се емитува и во наредниот период секој ден од 19.00 часот.

За сите зависници од "download-ирање" на филмови имаме една порака: 

ГЛЕДАЊЕТО НА ФИЛМ ВО КИНО И ПРЕД КОМПЈУТЕР, НЕ  Е ИСТО. ФИЛМОТ Е МАГИЈА. А МАГИЈАТА Е ПОГОЛЕМА НА ПОГОЛЕМ ЕКРАН, СО ПОСИЛЕН ЗВУК, И СЕКАКО ВО ДРУШТВО СО БЛИСКИТЕ, ПРИЈАТЕЛИ, САКАН/А ИТН.

Напомена: Рецензијата е пишувана 12.12.2012

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Уметност и култура

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна