Сума:
loading...

Доколку мислевте дека знаете се за добар трилер филм и на кој начин истиот можете да седнете и да го изгледате за ваше лично задоволство, сето тоа што сте го знаеле, можете да го завиткате во пластична тоалет хартија и да го фрлите во најблиската ментална болница за да биде запалено во крематориумот, од кој никој жив не излегол.

 "Mulholand drive" или "Булеварот на ѕвездите" е авторски филм на (според мене) кумот на филмската перверзија во нејзината нај пародична форма на егзистирање и перцепција.

Дејвид Линч на еден субкултурен начин преку ова свое мајсторско дело успева да допре до врвот на светската мејнстрим филмска публика, иако е дискутабилна таа негова намера, колку и да сакаме да мислиме дека фимовите се прават за да бидат погледнати од одредена целна публика.

Целиот филм наликува на мноштво од сцени, кои со својата целовитост создаваат еден комплексен збир пред се на љубовна приказна со судбински предзнак на детерминираност, општествена условеност, карактерна збунетост и измешаност, уметничко-стилизирачка форма на израз со предиспозиции на мјузикл....

Филм внатре во филмот, сон во сонот, реалност надвор од самата себе... На моменти страшен фаталистички лајт мотив на широко присутно чувство на загрозеност, себепреиспитување и потреба од конфирмација на сопствениот идентитет на личноста.

Дејствието на филмот започнува како сон, за да заврши со нечија смрт. Она што на почетокот се чини девствена наивност, на крај завршува со чувство на вина која завршува трагично, во хаосот на сопствената бојазност од неуспех и промашено чувство на припадност, предизвикано од љубовта кон сопствената естетска фигура на полност.

Во филмот исто така е застапен своевиден револт на авторот од медиокритетските вредности во кои е забегана целокупната филмска индустрија, илустрирајки ги на перфектно суптилен начин и причинителите за ваквите состојби. Невидливите мајстори на контролата и манипулацијата, без разлика на цената во механизмот на парите наоѓаат своја поткрепа во плашливоста и неодлучноста на носителите на уметничкиот израз, притоа не срамејќи се да уценуваат, да се закануваат и да убијат ако треба...

Потоштеноста на индивидуалецот, без разлика на неговата енергија, решителност и младешки соништа, неминовно завршува како жртва во челуста на општествените норми независно на нивната оправданост и целисходност.

И на крај без разлика што филмот претставува своевиден мозаик на фрагментирани парчиња, по нивното гледање од страна на гледачот, остануваат многу дилеми неодговорени, неразјаснети и под знак прашалник.

Од лична перспектива како гледач би можел да кажам дека станува збор за филм кој по првото негово гледање ме направи толку немоќен што ме тераше да пцујам, колнам, удирам во предмети, кршам. Впрочем како и целокупната публика што заедно со мене излегуваше од некогашното кино "Култура" во Скопје. Многумина останаа вчудоневидени од дрскоста, уште повеќе беа запрепастени од парадоксалноста на сценариото, во глобала сите негодуваа, а многу малкумина посакаа овој фим повторно да го погледнат. Помеѓу овие последните сум и јас (вашиот рецензент) кој со нетрпеливост го чекаше пиратското издание на филмот на VHS касета.

Не знам дали еротските сцени во филмот се во функција на неговата популаризација или напротив.... Но сепак овие сцени сами по себе се далеку повпечатливи од мноштвото банални разголувања на филмските актери/ки... Во спој со целокупната парадоксалност на филмот, разголеноста на главните ликови (Наоми Вотс и Лаура Хардинг) е само капка во океанот на патетичност и незначајна маленкост на душата на поединецот и неговата идеализирачка форма на оправданост за своето постоење, изразена преку поимот љубов.

Пишувајќи за филмот од денешна дистанца на временска детерминираност, забележувам дека имам многу што да кажам за истиот... Притоа јазикот кој го користам е невообичаен дури и за мене, како рецензент...

Не е едноставно да се објасни сцената кога еден случајно избран каубој под оскудноста на една единствена светилка на крајот од кој знае каде, се обидува да стави разум во нештата онаму каде истиот е непотребен.

Моќта на театарот отсекогаш била и ќе биде способна да го менува карактерот на современието кое го живееме. Самиот Дејвид Линч тоа маестрално го портретира во можеби една од најсилните сцени некогаш прикажани на филмското платно, едноставно преку зборот "Силенцио"....

Затоа само би рекол, не одолговлекувајте.... Не калкулирајте со својата немоќ за спознание на вистинските "Вас"...

Секој од нас сам си го трасира сопствениот "Булевар на ѕвездите"...

Погледајте го филмот, не очекувајте премногу, затоа што можете да "заглавите" онаму каде што пред вас никој жив не претстојувал....

Погледнете ја изјавата на авторот која е објавена за јавноста во рамки на Јапонската верзија на ДВД изданието на филмот во 2001 година:

Рецензијата е превземена од порталот DelcevoGlobalOnline 

Премиера: Октомври 19, 2001 (USA)

Режисер: David Lynch

Времетраење: 2h 27m

Сценарио: David Lynch

Песни од филмот: CryingI've Told Ev'ry Little StarSixteen Reasons

  1. Актерска екипа

Погледни 10+ останати

         
Naomi Watts Laura Harring Justin Theroux Angelo Badalamenti Ann Miller
Diane Selwyn Rita Adam Kesher Luigi Castigliani Catherine 'Coco' Lenoix
За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Уметност и култура

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна