Сума:
loading...

Не е можно момците од Битола на кои не им е ладно, зиме да шетаат по боксерки на Широк сокак во овој град, да прават се уште вака добри песни... Вака би размислувал песимист кој на некој начин пораснал со културната транзиција во македонски рамки во последните 20 и кусур години.

 

Овие момци од 5 рифа и неколку ритмови можат да направат толку заразна мелодија која откако ке се всели во вашите звучки, ке фати пајажина таму...би истакнал оптимистот кој исто така растел во последните 20-тина години во срцето на Балканот.

Ке почнам по ред:

Маде ин Чајна (Made in China) e песна за сите напалени шмизлети и шмизловци кои се зависни од брендирана стока, која впикана во шише на рекламен серум секојдневно ни се нуди на пазарот под превоезот на "единствен" избор за преживување на алтруистичкото потрошувачко его.Рефренот задолжително заразен, а песната е одлична увертира на целата циклична содржина на овој албум, кој тешко веројатно дека од едно слушање ке го баталите. Семплот во песната е супер, иако е краток делува перфектно, давајки му магија на здравиот рокерски звук.

Џуди, ех Џудииии.....Влез во кец лудило на совршениот ритам на бубњарот и елегична содржина на текстуалниот дел од песната. Инструментумот дава одлична подлога на целата лирика на вокалот на господинот Сашо, кој фаталистички го убива главниот херој во песната, како одмазда за неисполнетата љубов. "Засекогаш ке бидеш мооој..." отсликувајки ја вечноста на љубовта како универзална категорија на експлоатација во музиката.

Бамби ју, ју јууууууууу...едноставна приказна но одлична гитарска подлога на Симс и Зоки (поздрав брат од Делчево, ти текнуе на екипата од Медицинар?).

Е сега "Ми пукна филмо" е безвременска антологиска приказна за фронтменот на бендот, во која на Паркет-специфичен тон и вокабулар е раскажан животот во изминатиот период не само на вокалот Сашо туку горе доле и душата на бендот. Пак одлична гитарска подлога, зумиран рефрен до максимум и мелодија која Рамоунс-ки вози од почеток до крај.

Универзалноста на рок енд ролот во светски рамки како музика која обединува, прави животот да добие нова димензија, од корен ги променува светските текови и трендови, без притоа и најмалку да биде паушален и досаден во суштина е прераскажен во песната "Болен си во умо", која на суптилен начин сведочи за одредени модерни текови во Македонијава наша, а може и пошироко.

Ало Лили е балада за некоја си Лили која несомнено оставила впечаток во животот на некој Паркет. Епа таа Лили може да биде било која женска која убила нечие срце и со тоа се наредила на полицата на икони достојни за помен во песна од калибарот на кратко мелодично рокче пред спиење.

Пак женска, пак мориња, небо, облаци, летање и слично...Ах љубов....Хани-Бани и храбриот Гаучо (се сеќавате ли на овој лик?).

Насловната дисторзирана баш панкерска нумера во средиштето на овој албум е одлична политичко-социјална порака за сите млади дечки да превземат нешто конкретно во нивниот живот како би го подобриле својот и животот на своите другари, дечковци/девојки, швалери/ки и други роднини и пријатели. Пезната е закон и има логика дури и со оглед на последните политички превирања во државата која одолева дури и на приказната за крај на светот кој го познаваме.

Обработката Бенг-Бенг делува прилично "жустро" и секогаш во било која форма ми била забавна, и мислам дека одлично се совпаѓа со целата приказна на ова музичко дело.

"Мислам" и во денешно време е актуелна за некои луѓе, како и во времето на "Газирана хармонија", и убав спомен од едно поодамнешно време секако дотерана со аранжманот и продукцијата од денешен аспект.

На ред е мојата омилена:"Фајронт"....Не ви кажувам ништо за оваа песна....сами ке мора да ја сварите...Јас уште ја "варам".

И "Шекерна" е во истиот манир на "Мислам"....Убаво и антологиски....Забавно...онака "народњачки".

Повторно насловната тема "Република Франкеншајн" само во постегнат микс...Суперишка.

Гладен сум за вакви музички апетизери, со калории на главно јадење...

Огромно охрабрување за овој бенд кој има преживеано од стриптиз до скин хедс тепачки....Момци продолжете и само напред...Делата се тие кои го дефинираат постоењето на еден организам. А вие сте нешто повеќе...Организмиште....во позитивна смисла.

Сите кремови кои задоволство наоѓаат во бугарски, српски, виетнамски и чилеански фолклор, ви го препишувам лекот Republika Frankenshtaynius од доктор Parketi....

Душата на овој бенд е на распродажба со овој албум...Повелете купете го....Скап е колку што е скапа и човечката душа....Беспари а чини богатство.

Лајкнете ја официјалната страна на фејсбук на овој бенд тука....Не бидете намќори!

фотографиите користени во овој текст се "киднапирани" од оваа страна, за што се надеваме нема да бидеме прогонувани.

Секој кој ке се обиде да ви го продате верувајте сака да ве зезне. Патем посетете некој концерт на бендот. Впечатокот во живо е уште подобар на целата оваа рок музика...

Момци најискрено фала ви за сите моменти поминати покрај вашата музика.

И за крај....Паркети на ЕВРОВИЗИЈА за наредната година....

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Уметност и култура

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна