Сума:

Logo & Banner promotive designsВо текот на повеќегодишно работење, фотографирање, прибирање на информации, нивно грижливо и систематско архивирање кај мене како иницијаторот на овој интернет портал насловен амбициозно како Дестинација Делчево, се појави потреба за нивно презентирање во јавноста на најубав можен начин, согласно можностите и расположивото време. И тоа само со една цел: Да посведочат најубаво за времето кога се создадени како такви...Со оглед дека станува збор за непрофитна работа која во никој случај не е финансиски оправдана, единствена сатисфакција на авторот и иницијатор на Дестинација Делчево е онаа духовната како и можноста да го прикаже сопствениот роден град низ мноштвото на податоци, информации и фотографски материјал кој го имав на располагање во целиот овој изминат период. Дополнително како идеи се родија повеќе интересни концепти за доближување на делчевското секојдневие до пошироката јавност, што може да се погледне низ многубројните страници на порталов.

Секако голем број од информациите, фотографиите, видеата, приказните, кажувањата кои се застапени на овој интернет простор не беа можни без поголем број на луѓе со кои имав посебна чест да стапам во контакт и да ги обработам и адаптирам за потребите на овој портал. Тоа се приказни, кажувања, информации и фотографии кои нема да ги видите никаде на друго место, со автентичност и оригиналност во својата изворна форма.

Идејата за креирање на овој мој мал а сепак "мегаломански" проект, делумно лежи во далечната 2007 година кога од моја страна беше креиран и првиот блог за Делчево: "Делчево Денес". Потоа на големо беше подготвуван и информативниот портал Delcevo Global Online, кој постигна одредено ниво на развој, но поради недостиг на ресурси истиот моментално е во застој. Во времето во кое се појави овој портал беше не само единствен од ваков карактер, туку беше и во тек со сите модерни технолошки практики на интернет околина.

По овие два меѓници на мој личен ангажман за промоција на Делчево, следеше идејава за етаблирање на Дестинација Делчево како нов медиум кој верувам има што да понуди на неговите идни корисници.

За крај ќе ја споменам намерата за целосна отвореност за соработка со секој поединец кој би можел да придонесе во мојата и наша основна мисија, да го промовираме Делчево пред светот во пошироко рамки и притоа овозможиме негово подолгорочно егзистирање како интернет портал

Со почит

Авторот

Reevolucionerlogo4

 

Наши пријатели

 


 

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна