Сума:
loading...

До 1878 година Пијанец и Малешево биле мудурлук на Ќустендилската каза. Со поставувањето на границата тие се припоиле кон Кочанскатата каза. Во 1891 година и 1892 година тие биле посебна коаза со седиште во Пехчево.

Во тие години Пехчевската каза во која влегувале Малеш и Пијанец имала 27 села од кои 15 македонски, 9 помачки и три мешовити со вкупно 24.840 жители. Според официјалниот календар на Косовскиот вилает од 1894 година во Малешевската коаза живееле 8.860 Муслимани и 15.192 Македонци. По Балканските војни во 1914 година во Брегалничкиот округ, делчево било седиште на Царево Селската околија. Во состав на оваа околија биле 5 општини со 27 села и 2 селца со вкупно 11.500 жители. Во 1916 година за време на Првата светска Војна, во времето на Бугараската окупација, Царево Селската околија зафаќала површина од 773,6 km2 на која живееле 15.505 жители.

Во 1921 Царево Селската околија со делчево како центар била вклучена во Брегалничкиот округ со 4 општини и тоа: Драмче, Грлани, Каменица, Тработивиште со вкупно 14.019 жители. Во 1931 година Делчево било седиште на околија во чиј состав биле општините: Каменичка, Тработивишка и имала 2.302 домаќинства со 15.835 жители, од кои 7.882 женски и 7.935 машки. По Руско-Турската војна во 1878 година, по поставувањето на границата спрема Бугарија, од тука се повлекла четата на Дедо Илјо Малешевски која го држела 2 месеци слободен Пијанец, и за да не бидат подложени на одмазда на турските власти, во Ќустендилско побегнале околу 150 македонски домаќинства. Во истото време се доселило турско население од Бугарија...

Како резултат на војните, турското население од овие места помасовно се иселило по балканските војни. Околу 1935 година, добровлно, се иселила за Турција околу десетина домаќинства турско население од ова подрачје, според сеќавањето на постарите делчевчани. Од 1953 година кога во општината живееле 5.706 жители турско население, па до 1961 година кога останале само 875, од општината, добровлно, за Турција се иселиле 4.831 жител од турско население.Од тогаш па се до шеесетите години од минатиот век немало помасовно одселување и доселување на македонското население од подрачјето на општината.

Карактеристично е иако тоа население ги преживеало сите стравови на балканските и Прва светска војна, сета тортура на врховистичките чети и контрачети, и џандарите на српската власт, ја преживеало сета сиромаштија, и помасовно не ги напустало своите домови.

Веднаш по ослободувањето имало мало иселување и доселување во населбите на општината.По иселувањето на турското население од 1953 година на нивните имоти се преселувале македонските домаќинства од  ридско-планинските села на општината. Помасовно раздвижување на населението од општината настанува во шеесетите години кога се отвараат поголем број на индустриски организации и кога младата генерација се школува во средните училишта, виши школи и факултети.

Од 1961- 1971 година поради вработувањето на други места, одење на работа во странство, склопување на бракови и сл. Од Делчевска општина се иселиле 1526 лица. Во истиот период во Општината се доселиле од други општини и републики 4.831 лице што е резултат, пред се, на доселување, од други места, на стручни лица и работници во Рудникот “Саса” и на нивните домакинства.

Периодот од 1970 година досега се карактеризира со концентрација на населението во Делчево и Каменица каде што се развиваат индустријата и рударството и во рамничарските села околу Делчево. Во истиот период, како резултат на современите текови на животот, настанува населување и одселување на население во Општината.

Пописите на населението од крајот на минатиот век, пред и по ослободувањето, покажуваат дека на подрачјето на денешната Делчевска општина бројчано преовладувало машкото над женското население. Во 1981 година од 23.717 жители во Општината, машки биле 12.167 а женски 11.550.

Во Општината најголемиот број од населението се Македонци. Од  23.717 жители, според пописот од 1981 година, 22.642 биле Македонци, 553 Роми, 228 Турци, 108 Срби и мал број од другите народи и народности.

Во 1981 година 40% од населението во Општината било на возраст до 19 години што значи голем број на младо население. На возраст над 70 години имало само 3.63% од вкупниот број на население во Опптината.

Во 1944 година во Општината живееле по 6 членови во домакинство, а во 1981 просечно по 4 членови. Тоа е резултат на раслојувањето на старите патријархални домаќинства и на зголемениот животен стандард на населението.

Според податоците од пописот во 2002 година и во согласност со промените  настанати со новата територијална поделба на Република Македонија, вкупниот број на население во општина Делчево изнесува   17.505, жители од кои 11.305 или 59, 5 % се градско (живеат во општинскиот центар градот Делчево) и останатите 40,5 % селско население кои живеат во руралните места.

Густината на населеност во општината  изнесува 42 жители на 1 km²  и  е за 1,8  пати помала од просечната густина во Република Македонија. Природниот прираст на населението во општина Делчево во 1998 година изнесувал  0,8 и е далеку понизок од просекот во Република Македонија, кој изнесувал  6,2. Според податоците од пописот, во националната структура на населението на општината доминира македонското население со учество од  96,4  %. 

Исто така е утврдено дека просечниот број на жители по домаќинство  на ниво на општината изнесува 3,52  при што  3, 55 членови по домаќинство во градот и 3,48 членови по домаќинство во руралните средини. Резлутатите од следењето на демографската состојба во општината укажуваат дека 9 селски населби  ( Ветрен,  Вратисловци,  Илиово, Киселица,  Косово Дабје,  Нов Истевник,  Очипала,  Селник и  Стар Истевник ) со вкупно население од  1.102 жители, или 15,4 % од селското население немаат перспектива и се осудени на бавно биолошко изумирање,  6 селски населби ( Бигла,  Вирче,  Град,  Драмче,  Тработивиште  и  Чифлик ) со вкупно население од  2.698 жители, или 37,6%  од селското население, можат да се одржат доколку благовремено се помогне нивниот стопански развој, а во 5 селски населби ( Габраво, Звегор,  Разловци,  Стамер  и  Турија) со вкупно население од 3.256 жители, или  45,4%  од селското население, преовладува работоспособното население  и  населението  од возрасни  групи до 17  годин, што  овозможува сигурен опстанок   и развој на овие рурални населби во наредниотпериод.Во општината е регистрирано постоење на  дневна  миграција  село - град , односно секојдневно доаѓање во Делчево  на 300  до  400  вработени лица кои живеат  во руралните  населби на општината.  Од анализа  на структура на населението е утврдено дека  учеството  на  работоспособнто население  и  младото население е повисоко во градот во  однос  на руралните  средини. Просечното учество на младата популација на ниво на општината од  27,6%  упатува на поволни можности  што ги нудат човечките ресурси, како фактор за остварување на идниот економски развој. Согласно  планските предвидувања, населението  во градот  ќе се зголеми во 2010  година, во однос на 1994 година за 13,7 % ,  а во 2020 година за 29,8 % . Порастот на руралното население ќе биде со побавно темпо  и за претходно наведените реперни години  зголемувањето ќе изнесува 11,5 %  односно 15,7%  соодветно.

Авторска напомена: Текстот во целост е превземен од DelcevoGlobalOnline

За авторот на оваа статија:
The Crator
Author: The CratorWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на домен, дизајнер, програмер, развој и авторство на концепт, уредник, фотограф, автор на текстови, едитор, маркетинг промотор
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...

Историја и традиција

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна