Сума:
loading...

Осумнаесетти април 1933-та година....Драмче, Царево село, Пијанец, Македонија.....Од рани зори е нападната полициската станица во ова пијанечко село...

На едната страна припадници на српската жандармерија, а на другата четниците од последната пијанечка чета на комити која делувала на овој терен веќе близу една деценија под водство на војводата Дончо Христов, роден во село Драгобраште (денешна Општина Кочани). По ликвидацијата на деветмина српски жандарми четата е опколена од страна на засилени српски жандармиски сили од околните места и во нерамна борба погинуваат последните вооружани горостаси на тогашната Внатрешно-македонска револуционерна организација во регионот на Пијанец.

 

Нападот на полициската станица бил директно испровоциран од страна на разбојнички акции и репресалии превземани од тогашните српски власти врз македонското селско население во регионот на Пијанец-Малеш, подолг период наназад и директен одговор на ВМРО за заштита на сопствениот народ. 

Нерамноправната битка завршила кобно за Дончо Христов, Јангел Симеонов (роден 1892 во тогашното Царево село-денес Делчево), Митко Паликрушов (роден во Виница), Стојан Георгиев (роден 1898 година во село Драгобраште-Кочанско) и Васил Николов (роден 1895 година во село Кучичино-денешна Бугарија), но истовремено оваа битка била кобна и за уште 20-тина српски жандарми и 40-тина повредени од страна на српската власт.

По завршетокот на борбените дејствија телата на загинатите комити биле јавно поставувани на повеќе места и фотографирани, за да на крај завршат на собориштето кај манастирот Св. Богородица Балаклија каде се одвивал надалеку познатиот собор посветен на празникот Источен (црн) петок Балаклија, како воен трофеј и успех на тогашната српска власт во сузбивањето на македонското револуционерно движење. Од тука телата биле земени од страна на свештени лица и погребани во дворот на централната црква на тогашното Царево село, каде денеска стои спомен плоча на која се испишани имињата на загинатите комити под осумнаесеткракото сонце исклесано во камен над жуборливата фонтана изградена во знак на нивно сеќавање и почит.

 

 

Кои се овие луѓе, од каде се, за што се залагале и бореле и на крај за кого умреле?

Ова се прашања чиј одговор е повеќе од јасен, но некому оваа вистина ни малку не му се чини валидна.... Исто како и многу други слични прашања поврзани за оваа тема....

Но вистината е една и единствена....Овие луѓе родени од жуборот на Брегалница, во прегратките на планините Голак, Влаина, Осогово, под допирот на ветерот на живописните шуми, се залагале, бореле и животот го положиле за народот кој живеел во овој регион...Регион на Пеонците, луѓе родени од вистината.... Вистината за сопственото постоење...Луѓе кои и ден денеска ја раскажувааат истата вистина....

Слава им на јунаците...Ги имало и ке постојат....Засекогаш....

Во нашата галерија можете да ги погледнете остатокот од фотографиите поврзани со оваа статија.

Во продолжение го пренесуваме видео записот од песната посветена на Последните комити од пијанечката (царевоселска) чета, отпеана на Гоце фест 2010 година.

 

Текстот во целост е превземен од интернет порталот DelcevoGlobalOnline   


За авторот на оваа статија:
The Crator
Author: The CratorWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на домен, дизајнер, програмер, развој и авторство на концепт, уредник, фотограф, автор на текстови, едитор, маркетинг промотор
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...

Историја и традиција

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна