Сума:

Македонската ракометна репрезентација вечерва во Вараждин го продолжува вториот циклус од натпреварувањето на европското првенство кое што се одржува во Хрватска.

 

loading...

Нашите јунаци вчера го имаа последниот тренинг пред претстојниот меч со двократниот европски првак Шпанија. Според селекторот на "црвената фурија" Жорди Рибера овој натпревар против нашата репрезентација ќе биде едно од трите финалиња на ова европско првенство. Тој со целосна почит влегува во овој дуел против неговиот сонародник Раул Гонзалес за кого смета дека е квалитетен противник врз основа на неговиот специфичен и модерен начин на работа со неговите екипи.

loading...

Исто така главната моќ на Македонската репрезентација Рибера ја лоцира кај нашиот ас Кире Лазаров, за кого вели дека е лидер и креатор на убавината на играта на нашите репрезентативци.

Натпреварот Македонија-Шпанија започнува во 20:30 часот и веруваме дека Македонија ќе ја продолжи својата натпреварувачка доминација на општо задоволство на сите Македонци секаде во светот.

loading...

 

Најчитано: Флеш- Спорт

loading...
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?

 


 

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна