Сума:

Последниот натпревар од групната фаза на натпревари во групата Ц во која игра Македонската репрезентација на актуелното ракоментно европско првенство во Хрватска започнува во 18.15 минути.

loading...

Во овој натпревар Македонската репрезентација се соочува со репрезентацијата на Германија.

Од Ракометната федерација на Македонија информираат дека:

-Максимално мотивирани и посветени, нашите момци остануваат апсолутно фокусирани на играта. Загрепската арена денес повторно ќе биде во црвено-жолта доминација на трибините а нашите момци со сите сили спортски, фер, достоинствено и гордо ќе ги бранат боите на националниот дрес на теренот!

loading...

Иако Македонската репрезентација има обезбедено пласман во наредната фаза на ова значајно натпреварување, сепак овој натпревар е и тоа како важен за нашите репрезентативци, затоа што играме против актуелниот Европски првак. Во и9зјавите за јавноста германските репрезентативци најавуваат дека нема да ја потценат нашата репрезентација.

Спортскиот директор на германскиот шампион, Рајн Некар Левен, Оливер Рогиш во предупредување до европскиот шампион вели:

-Македонците играат со емоција, нивната игра е агресивна, во ростерот имаат голем број на квалитетни играчи. Лазаров е врвен ракометар и еден од најдобрите во овој момент. Македонија е земја која го негува спортот и знаеме дека нè чека тежок меч“.

loading...

Најчитано: Флеш- Спорт

loading...
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?

 


 

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна