Вечерва на европското првенство во ракомет кое што се одржува во Загреб, Република Хрватска, Македонските репрезентативци ја совладаа селекцијата на Црна Гора со резултат 29:28.

loading...

Ова беше значително динамичен и мошне исцрпувачки натпревар според прикажаната динамична игра и променливоста на динамиката на постигнати голови во текот на натпреварот.

Нашите репрезентативци влегоа под определена доза на притисок во овој натпревар сакајќи да постигнат победа со цел за пренесување на 2 бодови во наредната фаза од натпреварувањето.

Првото полувреме беше проблематично за избраниците на селекторот Раул Гонзалес, кое што Македонските репрезентативци го завршија со еден гол негатива со резултат 15:16 за Црна Гора. Целокупната криза во ова полувреме од играта кај нашите избраници беше како резултат на немоќта во одбраната да се справи со леснотијата на постигање на голови на црногорските напаѓачи.

Разиграноста и правилното ротирање на играчите на теренот и клупата од страна на селекторот Гонзалес, резултираше со резултатска доминација на Македонските репрезентативци во второто полувреме кога на моменти имавме и 5 гола разлика во наша корист.

Во текот на утрешниот ден нашите репрезентативци ги очекуваат два тренинзи пред натпреварот против репрезентацијата на Германија кој ќе се одигра во среда.

Во овој натпревар нашите репрезентативци влергуваат со помал резултатиски притисок, но мотивацијата да се совлада репрезентацијата на Германија е огромен.

По вечерашниот натпревар состојбата во нашата Група В во однос на освоените бодови е следна

Македонија  -4 освоени бодови

Германија -3,

Словенија -1,

Црна Гора е без бодови

Погледнете го видеото со најзабележителните моменти од натпреварот во продолжение:

loading...

Најчитано: Флеш- Спорт

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна