На синоќешниот ракометен натпревар против ракометната велесила Словенија преку фотографија илустрираме што точно се случуваше на теренот.

На почетокот на второто полувреме распоредот на силите на теренот беше 6 Словенци против 3-јца Македонци. И со ваков распоред на силите нашите, јунаци ја извојуваа првата значајна победа на ова европско првенство кое за Македонија веруваме дека ќе биде историско. Оваа илустрација е доказ дека спортот (ракометот) е игра пред се на срце и волја а после се друго.

Ако на ова слика се додаде дека помалубројната Македонска публика во салата во однос на Словенската, целосно им го расипа расположението на словенските навивачи и публика покрај малите екрани, со своето надалеку прочуено страствено навивање, тогаш впечатокот за нас Македонците е навистина повеќе од блескав.