Над 500 учесници претежно од Делчево ја истрчаа втората улична градска трка „Трчај право за срце здраво“, трка која по повод патроните на град Делчево „Св.Кирил и Методиј“ ја организираше здружението на граѓани „Драм Ас“ со поддршка на општина Делчево, а како иницијатива на асоцијацијата “Рефрама“ од Швајцарија.
-На трката која по повод патронот на градот наместо во работен ден среда ја организиравме во недела, а која се одвиваше низ улиците на Делчево се пријавија околу 500 учесници, за сите кои навреме се пријавија обезбедивме маички со логото на трката чие мото годинава гласеше “Трчај право, за срце здраво, исто така обезбедивме попатно освежување и се надеваме дека ги оправдавме очекувањата на учесниците. Како награда за своето учество првите три пласирани во своите категории добија медали и благодарници истакна организаторот Дејан Златковски.
Трката беше поделена во неколку категории од најмала до највозрасната категорија на учесници. На главната трка на 5000 метри најбрз во машка конкуренција беше Кристијан Китанов, додека кај жените прва на целта мина Атанаска Стојковски.
-Мислам дека вакви трки треба да се организираат многу почесто низ годината, исто така и околните градови треба да земат пример и да организираат слични трки, рече победникот Кристијан Китанов.
-Се надевам дека секоја година ќе продолжи така и ќе има повеќе учесници, на сите им посакувам само спорт и повеќе трчање за да може наредната трка до крај да се издржи, затоа што 2500 метри не е малку, рече Атанаска Стојковски, првопласирана на трката на 2500 метри.
Трката ги оправда очекувањата на присутните, а планот е дел од победниците да учествуваат на некоја од трките која двапати годишно се одржува во Женева, Швајцарија.
-Оваа трка е од големо значење, поготово за нашиот град бидејки се организира по втор пат и е доста корисна од здравствен и спортски аспект поготово за помладата популација, бидејки на овој начин младите преку трчањето се инволвираат во спортот, рече Љупчо Чучуковски еден од редарите на трката.
-Јас и сопругата редовно сме дел од трките во Женева, па добивме идеја преку која дел од учесниците на трката во Делчево ќе можат да учествуваат на трките кои двапати годишно се организираат во Женева, има во декември има во мај, па би било добро доколку се реализира таквата идеја, рече Драган Стоиловски, на чија иницијатива и се организираше втората трка „Трчај право, за срце здраво“.
Кога ќе се сумира целокупниот впечаток Делчево и годинава имаше добро организирана трка која би требало биде лајт-мотив за сите љубители на трчањето и здравиот живот и понатаму да продолжат да трчаат, бидејки само преку спортот може да се одбегне секојдневниот стрес и брзиот начин на живот. Организаторите кои со помош на голем број спонзори го реализираа годинешното издание на втората улична градска трка „Трчај право, за срце здраво“ и понатаму остануваат отворени за секоја критика со цел наредната година трката да биде уште подобро организирана.

Најчитано: Флеш- Спорт

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна