Кошаркарската академија "Клубски Патриот" денес одигра кошаркарски натпревар во Радовиш со пријателската екипа на УСК ,,Крсте Петков Мисирков".

Според информациите од стручниот штаб одиграни биле натпревари во генерациите 1999 и помлади и 2004 и помлади, натпревари кои изобилувале со доста атрактивни потези од страна на младите кошаркарки на двете екипи со што со својата игра на паркетот девојчињата и од двете екипи потврдиле дека станува збор за талентирани кошаркарки кои допрва ги очекува светла кошаркарска иднина. Во таборот на Клубски 13 годишната Елена Ангеловска била меѓу поистакнатите поединци на натпреварите, кошаркарка која со своката добра игра покажала дека за неа се отвора место во сениорската екипа која се натпреварува во орвата женска кошаркарска лига на Македонија. Инаку освен кошарката по средбата младите кошаркарки доста време посветиле на заедничката дружба и стекнувањето нови пријателства. Ваквата одлична соработка на ЖКК "Клубски Патриот" и УСК "Крсте Петков Мисирков" од Радовиш според најавите ќе продолжи со возвратни пријателски натпревари во Делчево.

Најчитано: Флеш- Спорт

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна