Делчевските ракометари го одиграа еден од најдобрите свои натпревари на домашен терен во рамки на младинската ракометна лига. Со убедливи 47:30 тие денес ја совладаа младинската екипа на РК „Ѓорче Петров“ од Скопје.

Натпреварот кој се одигра во салата “Методи Митевски Брицо“ во Делчево и денес се одигра без присуство на публика поради казната што ја одработува домашната екипа а ја заработи на натпреварот одигран на домашен терен со младинците на РК "Борец" од Велес. Не присуството на домашната публика како да беше дополнителен мотив за РК "Делчево" кој давајки се од себе не му препушти ништо на случајот и од самиот старт па се до крајот го имаше под контрола натпреварот и заслужено славеше со 17 голови ралика. Ова е трета победа во низа за домашната екипа која претходно исто така на домашен терен одработувајки ја казната без публика славеше и над екипата на Тинекс Пролет со резултат 26:25, а победа минатото коло забележа и на гости кај екипата на Радовиш која делчевските ракометари ја совладаа со 33:32. Екипата моментално се наоѓа на 6 место на табелата со вкупно 4 победи, 1 нерешена средба и 8 порази. Инаку, кога сме кај ракометниот тим Делчево, екипата составена од ракометари родени 2000/01 во изминатите неколку дена учествуваше на меѓународен турнир во Горна Ораховица, каде што младите ракометари уште еднаш покажувајки се во најдобро светло го обелија образот на нашиот град освојувајки бронзен медал на мошне силниот турнир во соседна Република Бугарија.

Најчитано: Флеш- Спорт

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна