Откако во 2015 година за прв пат се одржа првата улична градска трка - “Делчево трча за здрав живот“, по пауза од една година во чест на 24 Мај - Ден на светите браќа Кирил и Методиј, ден кој инаку е и патрон на градот Делчево, годинава продолжува организацијата на градската улична трка годинава насловена “ Трчај право за срце здраво“.

Трката како иницијатива започна да се организира на иницијатива на Асоцијацијата на македонски иселеници во Швајцарија и Франција - Reframa, а годинава ќе се одржи по втор пат.

-Идејата дојде од Швајцарија, бидејки таму учествуваме на повеќе маратонски и полумаратонски трки, е сега бидејки во Делчево има многу млади целта е тие да можат да бидат заразени со спортски дух, наместо со компјутерите и таблети в раце да можат повеќе да трчаат, а трчањето на повозрасните им го нудиме во замена за лекарства и таблетите кои секојдневно се пијат, така да идејата е таа, трка која за сите од 2 до 102 години ќе значи еден спортски натпревар кој ќе не води напред во животот во борбата против секојдневните пороци, истакна претставникот на Асоцијацијата “Reframa“, Драган Стоиловски, инаку наш иселеник во Швајцарија.

-Бидејки годинава одбележувањето на денот на патронот на градот се паѓа в среда, одлучивме трката да ја закажеме за в недела 28 мај, се со цел настанот да биде помасовен, рече д-р. Дејан Златковски кој е еден од организаторите на втората улична градска трка. 

Трката годинава предвидува натпревари во трчање низ градските улици во неколку категории и тоа:

Детска трка до 7 год. 400 метри;

Ученици II и III одделение - 600 метри;

Ученици IV и V одделение - 800 метри;

Ученици VI и VII одделение - 1000 метри;

Ученици VIII и IX одделение - 1200 метри;

Гимназијалци I и II год. (женски и машки) - 1400 метри;

Гимназијалци (женски и машки) -1800 метри;

Жени 19 - 50 години - 2500 метри;

Мажи 19 - 50 години - 5000 метри;

Сениорска трка мажи и жени 50+ год.- 1200 метри.

Своето учество на традиционалната улична трка „Св.Кирил и Методиј“ може да ги извршите на следниот линк тука.

За сите информации поврзани со трката можете да се информирате преку официјалниот фејсбук настан на сл. линк тука.

Најчитано: Флеш- Спорт

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна