Со победа над екипата на Трокал, женскиот кошаркарски клуб "Клубски" го заврши натпреварувањето во првата женска кошаркарска лига на Македонија за сезоната 2016/17.

Во последниот натпревар одигран сезонава делчевки славеа на паркетот во Радовиш со резултат 32:15. Во натпревар со малку кошеви победата беше резултат на добрата игра во одбраната што на тимот на "Клубски" му го донесе посакуваниот епилог од натпреварот. За тренерот Љупчо Петровски победата ќе значи нов поттик за натпреварите кои ги очекуваат младите кошаркари од следната сезона.

-Им честитам на кошаркарките за прикажаното, им посакувам убави моменти за време на паузата по која ќе продолжиме со нови сили и со уште поголем ентузијазам ќе се бориме за нови уште повисоки дострели, истакна тренерот Љупчо Петровски.

Инаку, со еден бод повеќе од екипата на Трокал екипата на Клубски сезоната ја заврши на претпоследната позиција со 9 освоени бодови.

Најчитано: Флеш- Спорт

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна