Ракометарките на СОУ „М.М.Брицо“ од Делчево го освоија сребрениот медал на Државното првенство во ракомет за средношколци во женска конкуренција кое од 06.04.2017 до 08.04.2017 се одржа во Кичево и уште еднаш докажаа дека ракометот доминира како спорт број „1“ во Делчево. Во финалето делчевки загубија од ракометарките на ДУФК М.М.Брицо од Скопје со резултат 25:19, откако претходно беа подобри од сите екипи кои им се испречија на патот до финалето. Најпрвин со резултат 25:14 ги совладаа врсничките од СОУ „Кочо Рацин“ од Велес, потоа славеа во натпреварот против ракометарките на домашната екипа СОУ „Мирко Милевски“ од Кичево кои ги добија со 16:12, додека во полуфиналето делчевки со 18:15 ги победија ракометарките од гимназијата „Нико Нестор“ од Струга. Освен второто место и сребрениот медал, делчевки ги понесоа и наградите за најдобар голман, награда која замина во рацете на Бојана Захариевска, додека нашата сограѓанка Мери Арсениевска која е дел од екипата на ДУФК „Методи Митевски Брицо“ од Скопје ја освои наградата за најдобра ракометарка. Од името на тимот на DestinationDelcevo на ракометарките и тренерите кои ја водеа екипата им посакуваме уште многу успеси во иднина, успеси со кои ќе го обелат образот на СОУ „М.М.Брицо“ а со тоа и на градот Делчево, успех кој истотака сигурно ќе биде мотив плус за што поголемо омасовување на ракометот во Делчево.

Најчитано: Флеш- Спорт

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна