Со убедлива победа од 30:10 ракометарите од ООУ „Св.Климент Охридски“ од Делчево се победници на зонскиот ракометен турнир во машка конуренција, турнир кој денес се одржа во салата на гимназијата „Методи Митевски - Брицо“.

Учениците од делчевската деветолетка во финалниот натпревар ја совладаа ракометната екипа составена од ученици на ООУ „Св.Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица. Во финалниот натпревар гостите од Македонска Каменица беа надиграни од делчевските ракометари кои си поигруваа со своите врсници. Публиката можеше да види доста добри акции кои на моменти завршуваа со популарните „цепелини“. Двете екипи пласман во финалето обезбедија откако претходно во полуфиналните натпревари ги совладаа екипите на ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ од Берово и ООУ „Св.Кирил и Методиј“ од Кочани кои исто така беа дел од зонскиот ракометен турнир. Освоеното прво место на зонкиот турнир за победничката машка ракометна ек.ипа на ООУ „Св.Климент Охридски“ од Делчево значи и пласман на регионалниот ракометен турнир кој Федерацијата на училишни спортови на Македонија го организира на 15 април, а истиот ќе се одржи на неутрален терен.

Најчитано: Флеш- Спорт

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна