Во Делчево деновиве се развиваше планинско-рекреативен туризам. Планинско рекреативната тура организирана од планинарското спортско друштво „Голак“ им овозможи на групата од 100 посетители, претежно туристи од Скопје да уживаат во убавините на Делчевско. Туристите го посетија местото викано „Свети води“ во село Тработивиште, додека втората група се искачи на врвот „Бајаз Тепе“ со претходна посета на славното Разловци.

-Едната група која броеше некаде околу 60 љубители на природата ги посетија познатите „Свети води“ во село Тработивиште, додека со останатата група која се состоеше од некаде 30 планинари, го искачивме врвот „Бајаз Тепе“ кој се наоѓа на 1350 метри надморска висина на планината „Средна“ којшто е највисок врв, рече претседателот на ПСД Голак Делчево, Љупчо Чучуковски, кој воедно беше и организатор на рутата.

Дека во овие краишта има што да се види потврдија самите туристи, кои она што го видоа го споредија со убавините на швајцарските предели.

-Импресионирани сме од убавините кои ги видовме поминувајки низ овие предели, на моменти барем мене лично ме потсеќаше како да сме во Швајцарија, особено зеленилото, расцветаните дрвја и се што не следеше по самиот пат, рече туристот Наташа Илиевска.

Посетителот Никола Черепналковски пак изрази задоволство од самиот начин на организирање на рекреативната тура.

-Водичот не водеше низ маршрутата со едно многу пристапно темпо низ овие предели, за што многу сме му благодарни, сите луѓе беа здоволни, се искачивме на местото и од таму водичот Чучуковски ни ги презентираше сите убави планини, рече Черепналковски.

Учесниците во планинарско рекреативната тура биле сведоци и на големиот пожар кој во неделата избувна во атарот на селата Разловци и Нов Истевник, пожар кој благовремено го пријавиле во ТППЕ Делчево.

-За време на нашиот престој во планинските предели во попладневниот дел од денот на неколку локации забележавме појава на пожар, тоа веднаш го пријавивме до ТППЕ Делчево која доста брзо пристигна на местото на настанот и започна со гаснење на огнената стихија, рече организаторот на планинарската тура Љупчо Чучуковски.

Инаку, задоволни од реализаицјата на првата планинско-рекреативна тура од ПСД Голак најавија продолжување на активностите за популаризација на руралниот туризам во Делчевско.

Најчитано: Флеш- Спорт

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна