Одличен фудбалски натпревар во недела се одигра на градскиот стадион "Гоце Делчев" во Делчево, средба на која главни протагонисти беа фудбалерите на домашната екипа Брегалница Голак и гостинската екипа од Василево.

Многубројната публика која дојде да го проследи натпреварот не зажали, бидејки виде вкупно четири погодоци од кои три во мрежата на гостинскиот голман и еден во мрежата на домашната екипа. Победата од 3:1 беше повеќе од заслужена, бидејки домаќините ја имаа иницијативата во текот на целиот натпревар, а можеше да биде изразена со поголема разлика доколку голгетерите ги реализираа големиот број шанси кои ги создадоа, но изостана крајниот епилог. Во останатите натпревари од 22 коло во третата фудбалска лига - Исток постигнати се следните резултати:  

Брегалница Голак - Василево   3 : 1

Осогово - Кит - Го  Пехчево     4 : 1

Каменица Саса - Слога 1934.    5 : 3

Работник Л. - Напредок Р.       2 : 0

Тиверија - Малеш Берово         1 : 4

Овче Поле - Рудар                  3 : 1

Слободни ова коло беа екипите на Беласица и Плачковица. По 22 коло во 3 МФЛ Исток, табелата изгледа вака:

1.Беласица  55 бод;

2.Плачковица  48;

3.Осогово  48;

4.Каменица Саса  43;

5.Овче Поле  40;

6.Кит Го Пехчево  35;

7.Брегалница Голак  24;

8.Малеш  22;

9.Работник  21;

10.Василево  21;

11.Напредок Здравје  21;

12.Тиверија  20;

13.Рудар  17;

14.Слога 1934 Виница  14.

 

 

Најчитано: Флеш- Спорт

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна