Околу 100 љубители на фудбалот од Делчево денес на градскиот стадион "Гоце Делчев" проследија интересен фудбалски натпревар во рамки на редовното коло од 3 МФЛ - Исток, коло во кое екипата на делчевска Брегалница го пречека тимот на Осогово од Кочани. Делчевските сини не успеаа да ги израдуваат навивачите и да слават над лутиот ривал најмногу поради дефанзивната игра која домашниот тим ја практикуваше во текот на целиот натпревар. Во првото полувреме таквата игра им овозможи да одолеат на притисоците на Кочанчани кои не го загрозија голот на домашниот голман и на полувреме се замина со резултат 0:0. Сепак гостите заиграа поангажирано во вториот дел и со два погодоци кои ги постигнаа по 60 минута успеаа да ги однесат бодовите во Кочани и да ги задржат шансите за влез во второлигашката конкуренција. Домаќините при 0 : 1 имаа шанса да го израмнат  резултатот, но ударот на Пешовски заврши само во пречката. По овој натпревар екипата од Делчево останува на средината на табелата без шанси за вмешување во борбата за највисоките позиции, но и без опасност од загрозување на својот опстанок во третолигашката фудбалска конкуренција.

Најчитано: Флеш- Спорт

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна