Во Делчево оваа сабота се одигра еден од најконтроверзните натпревари во ракомет во младинска машка конкуренција. Дуелот во кој се сретнаа екипите на РК „Делчево“ и Рк „Борец“ вечно ќе го паметат судиите Маријан Неделковски и Роберт Пановски од Велес, арбитри кои поради своето пристрасно судење можеа да предизвикаат инциденти од поголеми размери помеѓу нив и публиката која во салата „М.М.Брицо“ дојде да проследи рамноправен ракомет, кој за жал изостана поради големиот број сомнителни одлуки кои константно одеа на штета на домашната екипа. Иако важи старото правило „кој губи има право да се лути“ и постојат надлежни лица кои во рамки на ракометната федерација на Македонија треба да дадат оценка за судењето, сепак, првата грешка за да се случи тоа што се случи на натпреварот во Делчево може да се согледа во фактот што за натпреварот во Делчево беа делегирани судии кои доаѓаат од ист град како и екипата која гостуваше во Делчево. Нејсе и тоа можеби немаше да претставува проблем доколку судиите коректно си ја вршеа задачата на натпреварот кој се до 40 минута и покрај нивните евидентни грешки предивика само вербални негодувања кај присутните кои никако неможеа да го прифтат двојниот аршин на водење на еден спортски натпревар. Нем на повиците на публиката остана и делегатот Јосмов Тодор, кој за да ја смири напнатоста можеше да им укаже на судиите за нивната судиска пристрасност, но сепак тоа не се случи. Гневот во публиката се насобираше по двојните аршини кога наместо пенали за домаќините при шут на гол се судеа „девет“ метри, наспроти пеналите кои како од ракав судиите Неделкоски и Пановски ги делеа во корист на „своите“ ракометари. Двојниот аршин истотака на своја кожа најдобро го почувствуваa ракометарите од Делчево кои долу на теренот буквално беа „натепани“ како резултат на грубата игра на гостите од Велес, кои за жал не добиваа никаква казна за таквата игра. Во период по 40 минута, токму неказнувањето на грубиот старт на гостинскиот голман кој при еден контранапад на домашната екипа лошо стартуваше врз младиот делчевски ракометар Мирче Ѓорѓиевски беше момент кој ја прелеа чашата и кој можеше посериозно да предизвика инциденти од несакани размери со тоа што полицијата и редарите навремено отстранија дел од навивачите кои сакаа да им укажат на судиите дека правда со пристрасност не му носи ништо добро на спортот. Не сакајки ништо да остават на случајноста, судиите најпрвин го прекинаа мечот меѓу младите ракометари на РК Делчево и Рк Борец, а потоа побараа и дополнителна заштитаа од полицијата при нивното излегување од салата. Повеќе од сигурно е дека за овој натпревар за кој најголема вина имаат самите тие ќе заседава дисциплинската комисија, а избегнувањето казна за клубот од Делчево би било можно само доколку од надлежните се признае својата грешката која очигледно е направена со одредувањето судиска двојка на натпревар во кој ракометната екипа доаѓа од ист град како и судиите. На крај може да се констатира само дека најголема е штетата која им е нанесена на ракометарите и стручниот штаб од Делчево, кои ни криви ни должни беа вовлечени во случувањата за кои најголемата вина доаѓа токму од оние кои иако доаѓаат од ист град со својот чесен однос кон одигрувањето ракометен натпревар требаше да бидат најголем пример за тоа како треба непристрасно да се суди натпревар.

Најчитано: Флеш- Спорт

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна