Започна со работа новиот спортски субјект во Делчево. Кик боксинг клубот ,,Тигар" е новиот предизвик за вљубениците во кик-боксот како спорт, клуб кој во голема мера има намера да го промовира и боксот како спорт кој засега е непознат на спортската јавност во Делчево.

За претседателот на клубот, Мики Ивановски, ова ќе значи нов момент за развој на боксот и кик- боксингот како спортови во подем.

-Постоиме за сите оние спортисти кои сакаат да ги научат вештините на кик- боксингот, но и за прв пат започнуваме со тренинзи за идните потенцијални боксери. Боксот како спорт е нешто што е непознато на овие простори, па затоа ќе работиме на негова популаризација во иднина. Инаку, работиме со помали и повозрасни групи и имајки предвид дека започнавме со тренинзи на почетокот на овој месец, задоволни сме од младите од Делчево кои изразија желба да тренираат во нашиот клуб, рече Мики Ивановски, претседателот на кик боксинг клубот "Тигар" кој воедно е и професионален кик боксер. Според него, иако кик боксот повеќето го сметаат за груб спорт, напротив е спорт во кој освен физичката подготвеност е потребно и многу техника. 

Инаку, вратите на кик боксинг клубот "Тигар" се отворени за сите заинтересирани кои сакаат да спортуваат и да ги научат тајните на  кик боксот во рамки на тренинзите кои се одвиваат во подземните простории од станбено-трговскиот комплекс спроти градскиот мост во Делчево.

 

Најчитано: Флеш- Спорт

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна