Интересен натпревар во Автокоманда во рамки на мечот од 9. коло на младинската лига, група 2, одиграа екипите на Металург и на Делчево Вардар.

 

Делчевчани жестоко му се спротивставија на фаворизираниот состав, кој одигра далеку под своите очекувања и кој долго се мачеше да го скрши отпорот на гостите. Повеќе од половина од првото полувреме мина во целосно рамноправна игра, па скопјани дури во финишот на првиот дел успеаа да се одлепат на четири гола разлика, 22:18.

Во второто полувреме сликата се промени. Металург заигра поцврсто во одбраната, голманите конечно ги запишаа првите одбрани, а делчевци ја загубија свежината од првото полувреме. Сето тоа резултираше со убедлива победа на Металург од девет гола разлика, 43:34.

Најчитано: Флеш- Спорт

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна