Женскиот кошаркарски клуб „Клубски“ од Делчево доби нов партнер како дел од поддршката за клубот кој во оваа натпреварувачка сезона ја воигрува екипата за следните предизвици кои и претстојат на екипата во рамки на натпреварите од првата женска кошаркарска лига на Македонија.

Фирмата „Идеја Плус Ревизија&Консалтинг“ е новото име кое во знак на поддршка на клубот му обезбеди нови кошаркарски топки за тренинг кои и тоа како се добредојдени за младите надежи на екипата. По агенцијата за обезбедување на лица и имот „Патриот“ и „Жито Маркети“ ова е трета фирма која му излезе во пресрет на клубот помагајки и придонесувајки за негов развој во иднина. Токму името на новиот потпомагател девојките од Делчево го носеа на дресовите со кои денес настапија на првенствениот натпревар против екипата на Пелистер. Далеку поискусните битолчанки победија убедливо во Делчево, но тоа не треба да ги обесхрабрува делчевки, бидејки покажаа солидна игра која и дава надеж на екипата дека во иднина може да се очекуваат подобри резултати. Слендиот натпревар во кој е домаќин, женскиот кошаркарски клуб „Клубски“ го игра на 25 март со екипата на ЖКК „Вардар„ Скопје.

Најчитано: Флеш- Спорт

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна