Успешен настап на кик-боксинг клубот „АС“ од Делчево на штотуку одржаното државно првенство во кик бокс за кадети и јуниори кое се одржа во Скопје.

Клубот од Делчево освои еден бронзен, три сребрени и три златни медали. Бронзениот медал му припадна на младиот Андреј Арсовски во дисциплината поинт-фајт за помлади кадети(-32кг). Два од сребрените медали во дисциплината кик-лајт ги освоија Павел Стојчевски и Дилан Ивановски кои се натпреваруваа во категоријата за помлади кадети(-32кг), односно(-37кг), додека третиот сребрен медал во дисциплината поинт-фајт и категоријата за помлади кадети(-42 кг) го освои младиот Филип Јовановски. Златото кое се најде на градите на Павел Стојчевски, Дилан Ивановски и Кирчо Костадиновски, кик-боксерите од Делчево го освоија во дисциплината поинт-фајт (-32кг) и (-37кг), односно во категоријата за натпреварувачи потешки од 70 кг. Инаку, на државното првенство во кик- боксинг за јуниори и кадети учествуваа вкупно 166 натпреварувачи од 24 клуба од државата.

Најчитано: Флеш- Спорт

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна